Фан на биографии

Моја библиотека: Жарко Димитриоски

image2Која книга во одреден период од животот влијаела на твоите ставови и начин на размислување, односно ти направила „пресврт“ во животот?

Како ја изгубив невиноста“ од Ричард Бренсон. Книгата е автобиографија, зборува за првите триесетина години од животот на Бренсон и градењето на брендот „Вирџин“. Просто, да не ти се верува како еден човек може да сонува толку далеку, а богами и да стигне да си ги оствари истите соништа. Пресвртот со оваа книга веројатно ми беше тоа што многу похрабро влегов во бизнис и маркетинг водите и се охрабрив да сонувам и јас. Без разлика дали си мал или голем претприемач, навистина ќе уживаш во она што Бренсон има да го каже. Толку многу ми се има допаднато книгата што ја имам и подарено на неколку драги бизнис-соработници.

Лик од книга кој ти бил кошмар?

Хммм… Не ми текнува на некој… Многу ми се допаѓаше „Мачка и глушец“ од Џејмс Патерсон, знам дека одамна ја прочитав и баш онака ми се допадна, ептен. Книга за детективот Алекс Крос со кого Патерсон има и други книги и господин Смит, кој е сериски убиец.

Има ли книга што си ја препрочитал повеќе од трипати, која и зошто?

„Confessions of an advertising man“ од Дејвид Огилви. Сум препрочитал повеќе книги на истата тема, ама не знам, оваа некако е наједноставно напишана, најјасна, најпрецизна во објаснување на секојдневните ден-за-ден обврски, пречки, предизвици со кои се соочува човек што води маркетинг-агенција, улога што на мое големо задоволство стигнав да ја имам и јас. Иако е напишана во шеесеттите години од минатиот век, неверојатно е колку е современа, се разбира ако го тргнеш недостигот на технологија настрана. Ако те интересира методологијата на адвертајзингот, креирањето на дневните распореди, водењето состаноци и слично, чичко Огилви ќе ти објасни многу работи…

Дали паметиш некоја илустрација на книга и која? Што ти оставило впечаток?

„Enter Night“, биографија на „Металика“. Не знам, некако многу се израдував кога ја видов качена на полица и едвај чекав да почнам да ја читам. Цела црна корица само со сиви букви „Enter Night“, веројатно од радост сум ја запаметил толку многу.

Која е последната книга што не можеше да ја оставиш додека не ја прочиташ докрај?

Обожавам биографии и „занатски“ книги, од некоја област како пишување и градење сценарија, маркетинг, ТВ-продукција и сл. Искрено, не ни паметам кога последен пат сум прочитал некој роман, сигурно има две години. Последна книга што ја „претрчав“ во еден здив е „Netflixed“, книга за историјата на „Нетфликс“, а иако ги имам прочитано од поодамна, морам да ги споменам „My remarkable journey“ од Лери Кинг и „American on Purpose“ од Крег Фергусон. Врвни книги!

Кој наслов од „Арс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

Тајните на иновациите“ на Стив Џобс.

image1

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s