Тие се најспособните детективи во Париз. Четири, со шепи, опаш и мачешка… интуиција!

„Мачки-детективи“ е серија детски новели со мошне интересна содржина, создадена за најмладите читатели со цел нивно воведување во книжевниот жанр мистерија. Книгите се наменети за деца на возраст кога веќе можат самостојно да читаат, но исто така тие се соодветни и за деца од најрана училишна возраст на кои родителите можат со задоволство и интерес да им ги читаат книгите.

Напишани во стилот на класичните детективски романи, каде што секогаш се случува некое злосторство и некој мора да го разоткрие виновникот, овие книги се забавно и интригантно четиво за сите што сакаат да ги напрегнат мислите и да учествуваат во истрагата. Дејството е сместено во Париз од почетокот на XX век и токму ова придонесува кон доловување на една особено шармантна атмосфера низ содржината што е мошне привлечно за читателот.
macki-detektivi-700x330-podeleni-2

Серијата опфаќа шест книги со различен наслов и различни приказни, а како главни ликови се појавуваат членовите на една интересна и шарена дружина мачки: Мистер Мунлајт – препреден, интелигентен и елегантен мачор кој живее во домот на уметникот Оливер Боне; Жозефин – софистицирана сијамска мачка во која се вљубуваат сите мачори во Париз; Понпон – најмалиот во групата, тврдоглав, несмасен и секогаш прави незгоди; и Додо Марсеецот – искубан уличен мачор со потекло од Марсеј кој ги познава сите тајни на подземјето. Овие четворица дејствуваат како сплотена дружина во која има и малку ривалство еден кон друг – особено меѓу Мунлајт и Додо – но секогаш преовладува желбата да се открие вистината за тоа кој е виновникот во некое злодело. Иако случаите навидум ги решава главниот инспектор Рампие, кој важи за проблематичен човек, немтур, сепак нашите пријатели мачки-детективи се оние што со помош на нивната неверојатна интуиција и умешност успеваат да ја доведат вистинската правдина на виделина.

Шесте приказни од оваа серија книги се многу занимливи. Во првата се работи за готвач што ќе биде киднапиран, во втората мачките детективи треба ги да пронајдат скапоцените обетки што некој ѝ ги украл на пејачката Мари Ла Бел, во третата книга мистериозно исчезнува една значајна златна статуетка-мачор, во четвртата имаме случај кога за грабеж е обвинет и притворен невин човек, петтата приказна се занимава со случајот на исчезнатите колбаси од натпреварот на месари на парискиот саем, а шестата приказна е за голем напад на париската банка.

macki-detektivi-700x330-podeleni-1

Сите приказни се проткаени со симпатичен и хумористичен говор и дијалози меѓу членовите на дружината и ја отсликуваат остроумноста на овие интелигентни суштества за кои е познато дека се многу интуитивни и препредени, така што не може да се случи некоја случка да остане неразрешена.

Особено привлечно кај овие изданија е тоа што низ страниците се јавуваат низа илустрации за кои е одговорен популарниот италијански илустратор Стефано Туркони. Неговиот препознатлив стил на цртеж, каде што на извонреден начин доловува различни моменти од авантурите на мачките-детективи, како и нивните лични карактеристики во нивниот изглед, е она што ги прави овие изданија комплетно читателско уживање и затоа со задоволство ви ги препорачуваме.

Автор: Надица Фирфова

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s