Освежувачите за простор со мирис на книга претставуваат решение за сите љубители на прекрасниот мирис на тукушто отворените книги или наталожениот мирис на старите книги и нивните подзалепени страници.
По сознанието дека главен недостиг на читателите на електронски книги (е-книги) е токму неможноста да се почувствува книгата, производителите на освежувачи за простор се сетија да го спакуваат мирисот на книга во освежувач за простор.
Производот е достапен во пет ароми:
- Класичен прашлив мирис, по кој ќе кивате како кога ќе отворите некоја исклучително стара книга.
- Мирисот на новата, што ќе ве потсети на фантастичниот мирис на омилената книжарница.
- Мирис на мачка, што претставува концентриран мирис на 20.000 стари книги со кој ќе имате чувство како да читате некоја стара книга од библиотеката на баба и дедо.
- Мирис и чувствителност, со него во просторот ќе се создаде чувство како да живеете во роман на Џејн Остин.
- Мирис на крцкава сланина, нискокалоричниот мирис претставува замена за појадок додека наутро ја читате својата е-книга.
Можете да го одберете мирисот што најмногу ви се допаѓа, но ние предлагаме да одберете печатена книга и да уживате во вистинското чувство што знае да го создаде книжевноста.