Наскоро во едицијата Лауреати: „Сета светлина што не можеме да ја видиме”

Наскоро на литература.мк во едицијата ЛауреатиСета светлина што не можеме да ја видиме од Ентони Дор

Сета светлина што не можеме да ја видиме на Ентони Дор е една од оние ретки книги за кои публиката и критиката се едногласни: неколкумесечен бестселер, роман обожаван од читателите и роман што се закитува и со најпрестижната американска книжевна награда, Пулицеровата награда за проза.

seta-svetlina-770x300

Мари-Лор живее во близина на Природонаучниот музеј во Париз, каде што нејзиниот татко работи како главен клучар и е последниот чекор помеѓу светот и големите музејски тајни. Мари-Лор ослепува на шестгодишна возраст, па нејзиниот татко ù моделира една беспрекорна минијатура на нејзината населба, за таа да може тактилно да го меморира секој агол и секогаш да знае да го најде патот накај дома. Шест години подоцна, Германците го окупираат Париз и, по игра на случајот, Мари-Лор и нејзиниот татко завршуваат во Сен-Мало со највредниот музејски експонат: легендарниот скапоцен камен „Пламено море“.

Во меѓувреме, сираците Вернер и неговата сестра Јута растат во Цолферајн, рударскиот центар на Германија во тоа време, чијшто воздух станува сè позагаден благодарение на Гебелсовата пропаганда. Уште како малечок, откако наоѓа и поправа едно фрлено радио, Вернер се фасцинира од необичноста на овие нови инструменти што се способни да ги уловат гласовите што невидливо треперат околу нас. Неговиот талент го носи во академијата на Хитлеровата младина, а потоа и во Франција, во специјална мисија да го лоцира и внимателно да го следи движењето на Отпорот. И таму некаде, во Сен-Мало, неговата приказна се вкрстува со онаа на Мари-Лор.

Епска по концепцијата но лирска по изведбата, „Сета светлина што не можеме да ја видиме” на Ентони Дор е нежна и речиси бајколика приказна за војната и за дијамантите, за школките и за птиците, за клучевите и за радио-брановите, надежна исповед за универзалноста на стравот и добродушноста, за начините на кои, наспроти сите изгледи, луѓето можат да останат луѓе.

„Опседнувачки убава.” – Џенет Маслин, Њујорк Тајмс


„Величествена.” – Кармен Келил, Гардијан


„Прекрасна… Хипнотичка… Ништо помалку од брилијантна.” – Алис Еванс, Орегонијан

„Фантастично… Прекрасен, смел, трогателен, необично радосен роман.” – Дејвид Ласкин, Сиетл Тајмс

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.