Автобиографијата на Бенџамин Френклин

Малкумина се оние чијшто животен пат може да се спореди со оној на Бенџамин Френклин. Тој е речиси самоук, а прераснува, меѓу другото, во политичар, писател, изумител, печатар, научник и, конечно, во еден од најуспешните дипломати во американската историја. Остава голем авторски влог во Декларацијата на независноста, а подоцна учествува во мировните преговори со Велика Британија со која завршува Американската војна за независност.

Како пронаоѓач, најпознати од неговите изуми се бифокалните очила, печката што е именувана по него и, се разбира, громобранот.

Неверојатно широкиот опсег на интереси и потфати на овој исклучителен човек се извонредно опишани во неговата Автобиографија, што се смета за едно од класичните дела на овој жанр воопшто.

bendzamin-frenklin-700x330

Наумена првенствено да преставува водилка за неговиот син, Френклиновата автобиографија е еден живописен и фасцинатно раскажан автопортрет на неговиот, по многу нешта, уникатен и мошне исполнет живот.

Почнувајќи од периодот на детството и периодот на созревање, обележан со поривот за достигнување на високи етички начела, преку макотрпната работа како печатач и впуштањето во експериментите со електрицитетот, па сè до политичката кариера и успесите во тој домен, неговата Автобиографија, напишана во еден искрен манир и со разбирлив и јасен јазик и беспрекорен стил, денес веќе преставува класично дело во рамките на светската книжевност.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s