Умберто Еко (1932 – 2016)

Умберто Еко (1932 – 2016)По долго боледување од рак, на 84-годишна возраст почина врвниот писател и интелектуалец Умберто Еко.

Семејството на познатиот писател, познат по романите „Името на розата“, „Фуковото нишало“, „Баудолино“, накусо соопшти дека Еко починал дома, не наведувајќи детали, пренесуваат светските медиуми.

За својот прв роман „Името на розата“, што го напиша во 1980 година, Еко освои низа награди, а романот е преведен на 47 јазици и продаден е во повеќе од 30 милиони примероци, а само во Италија се продадени повеќе од 7 милиони копии.

Своевремено, францускиот „Ле Монд“ го стави на листата на најзначајни книги на 20 век.

Медиумите пишуваат дека „светот загубил еден од најважните луѓе на современата култура“.

Италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека Еко беше одличен пример за вистински европски интелектуалец, уникатна интелигенција со неуморна способност да ја предвиди иднината.

„Ова е огромна загуба за културата, на која ќе му недостига неговото пишување и неговиот глас, остри и јасни мисли и неговата хуманост“, изјави Ренци за локалните медиуми.

Еко е автор на многубројни есеи и книги од областа на теоријата на уметност, лингвистиката и семиотиката. Покрај тоа, тој пишуваше и книжевна критика и книги за деца.

„Јaс сум филозоф. Романи пишувам само за викенд“, изјави Еко во една пригода.

Еко важеше за одличен познавач на историјата на уметност на средниот век, а беше и основач на Отсекот за медиумски студии на Универзитетот „Сан Мaрино“ и универзитетски професор во Болоња.
Роден е во Болоња на 5 јануари 1932 година во Александрија, северна Италија.

***

Наскоро во издание на Арс Либрис од Умберто Еко: „Името на розата“, „Шест прошетки низ наративните шуми“, „Баудолино“ и за прв пат на македонски јазик романот „Бројот нула“.

Advertisements