Конкурс за дизајн на корици за романи од едицијата „Прошетка низ Европа“

Издавачката куќа „Арс Ламина публикации“ ги поканува креативните студенти да достават предлог-дизајн корици за пет романи од едицијата „Прошетка низ Европа“.

Оваа едиција вклучува романи на современи европски автори и има цел да го одведе читателот на книжевно патешествие низ различните културни предели на Европа. Издавањето на едицијата претставува дел од проектот „Креативна Европа“, поддржан од Европската комисија за литературни преводи на европски автори на македонски јазик.

Како дел од мисијата на овој проект, „Арс Ламина публикации“ ги поканува и студентите од сите области да се вклучат во изработка на креативни визуелни решенија во областа на издаваштвото. Заинтересираните студенти можат да аплицираат со едно или повеќе решенија за корици, за еден или повеќе романи од петте понудени.

Пропозициите за учество на конкурсот, информации за романите, авторите и воопшто за проектот, како и приказ на кориците на досега објавените книги во едицијата, можат да се најдат на интернет-страницата „Прошетка низ Европа“.

Решенијата во .jpg или .png формат, заедно со кратка биографија на кандидатот, треба да бидат испратени на publishing@arslamina.com, со назнака „Конкурс за дизајн на корица“, најдоцна до 1 март 2016 година.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 20 март 2016 година. Вкупниот награден фонд за победничките решенија изнесува 30.000 денари.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s