Книга што се самоуништува ако се чита бавно

Аргентинската издавачка куќа „Етерна Каденција“ лансираше необичен концепт на книги што се самоуништуваат, доколку не се прочитаат веднаш. Еднаш отворената книга има „рок на употреба“ или може најдолго да се прочита за два месеца, инаку се самоуништува.

Проектот „Книга што не може да чека“ (El Libro Que No Puede Esperar) ја лансираше издавачката куќа „Етерна Каденција“ со цел да промовира млади автори. Овие книги мораат да се прочитаат во еден здив, не може да се почне едно поглавје, па да се остави книгата да чека и да се продолжи со читање по неколку недели или месеци.

„Ако луѓето не ги читаат нивните први книги, тие не ќе можат никогаш да издадат следно издание“, велат промоторите на овој уникатен проект за овие уникатни книги со кои се дава шанса на младите аргентински автори. Самоуништувачките книги се продаваат во пластична амбалажа. Еднаш отпакувани, тинтата почнува да бледнее и на читателот му остануваат 60 дена да ја прочита книгата докрај. По два месеца, од книгата остануваат кориците и празните страници. Од издавачката куќа велат дека на читателите им се допаѓаат самоуништувачките книги, а потврда за тоа е целосно продаденото прво издание на „Книга што не може да чека“ за само еден ден.

Advertisements