Книгите како прозорец кон светот

Моја библиотека: Рисима Рисимкин

Уметноста е нејзиниот живот, а танцот нејзиниот идентитет. Љубовта, насмевката и книгата се основниот патоказ за сè и затоа вели дека нема потреба од грижи, само поглед напред. Рисима Рисимкин, кореограф, за чие име и светот знае.

Дали има книга што си ја препрочитала повеќе од трипати?

Има повеќе такви книги. Сакам убави книги, многу читам откако знам за себе и се навраќам на книгите што ме плениле.

Со кој лик од книга се идентификуваш?

Па, не се идентификувам, туку се восхитувам на одредени ликови… На хероините од романите на Толстој, како и на оние од Тенеси Вилијамс. Сакам ликови кои се вистински, живи и кореспондираат со секој временски период.

Која сцена, ситуација или опис од книга те оставила без здив или те наежила?

Многу сцени ме фасцинирале… една од оние што ги паметам е моментот во книгата „Љубовник“ на Маргарет Дира, кога тој ѝ се јавува по многу години. А многу години, како помлада, бев фасцинирана од книгите на Перл Бак за Кина.

image3Која е најскапата книга што си ја купила во животот?

Постојано купувам книги за танц, особено кога патувам во странство, бидејќи кај нас има малку таква литература. Сакам енциклопедии, монографии, што се поскапи, но за мене книгата нема цена. Една од таквите е извонредната монографија за Ана Павлова. Прекрасна книга. Сите книги што ги поседувам, а имам голема библиотека, ги чувам со внимание. Тие за мене се прозорец кон светот и затоа многу ја сакам мојата библиотека.

Дали пишуваш посвети на книги и дали паметиш некоја посвета на книга што си ја добила?

Обично на моите студенти или како подарок на пријателите, а посвета што ја паметам и со љубов ја чувам е на книгата од господинот Иф Бонфоа, прекрасен француски писател, добитник на венецот на Струшките вечери на поезијата, на чијашто поезија ја правевме претставата „Убавина“ и кој ми напиша специјална посвета по претставата.

Кој наслов од „Арс Либрис“ го сакаш во твојата библиотека?

„Quo Vadis“.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s