Необични книги: Семејниот готвач на Лав Толстој од Сергеј Белтуков

Замислеtoslmfnна како шеговит подарок на братот кон саканата сестра, инаку сопруга на Лав Толстој, книгата „Семејниот готвач на Лав Толстој“ преку колекција на рецепти ни овозможува да ѕирнеме во семејниот живот на авторот на „Ана Каренина“, „Војна и мир“ и други ремек-дела.

Ова не е критички есеј, ниту, пак, уште една биографија. Оваа книга е новитет за домот на писателот, каде што гостопримството било едно од основните правила, независно дали семејството живее во малата семејна резиденција во Москва или на дворјанскиот имот во Јасна Полјана. Затворениот круг на пријатели и роднини секогаш знаеле дека во нивниот дом ќе добијат топло добредојде од вредната домаќинка – сопругата на Лав, Софија Андреевна Толстоја.

Секојдневно, трпезата на Толстоеви преставувала обилна гозба за нив и за нивните гости, составена од руски и француски јадења. Софија Андреевна ги собирала интересните рецепти од роднини, семејни пријатели и гости и токму тие се основата за создавање на готвачот што бил објавен во една единствена копија од Степан Андреевич Берс во 1874 година како подарок за неговата сестра.

Книгата има 162 рецепта и сите мерки за тежина или волумен на рецептите се изразени во мерки што се користеле во 19 век во руската империја. Семејните правила и готвачката традиција на Толстоеви се препознава и во книгите „Ана Каренина“, „Војна и мир“ и „Семејна радост“. А готвачот, покрај рецептите и готвачките трикови на домаќинката, содржи и извадоци од дневници и писма на Софија, но и на многубројните гости и роднини кои поминале на трпезата во домот на Толстоеви.tols

Advertisements