Во писмото што пред 12 години Марк Закерберг го праќа до инвеститорите, тој ги запознава со идејата за „Фејсбук“, не само да стане компанија туку и да ја оствари својата социјална мисија – да го направи светот поотворен и поврзан. По 12 години тој и неговиот тим остануваат доследни на мисијата, но создадоа и многу повеќе затоа што се отворени, брзи, храбри и носат промени.
Патот на Марк и „Фејсбук“ низ хронолошки белешки во „Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови“, уредено од Џорџ Беам.
Навидум позната приказна – уште една бубалица која успеала во животот. Мaрк Закерберг, детето-гениј, го напушта „Харвард“, за да го основа „Фејсбук“, гигант и социјална мрежа што го редефинира светот каков што го познаваме. Тој станува најмладиот милијардер во светот, што самиот го заработил своето богатство.
Но, вистинската приказна е малку посуптилна. Се работи за трансформацијата на Закерберг од програмер-самотник без социјални вештини во успешен менаџер и инспиративен лидер. Како Закерберг ја употреби сопствената хакерска филозофија, опишана со слогани како „Движи се брзо и скрши нешто“, за да создаде неверојатно успешен бизнис? Покривајќи сè, од почетокот на неговите рани денови на „Харвард“, па сè до станувањето на јавна компанија, па и понатаму, „Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови“ е детална колекција на мисли, изјави и предвидувања за иднината на Закерберг, исто како и туѓи увидувања за Закерберг и феноменот „Фејсбук“. Извадени од интервјуа, говори, допишувања и написи на „Фејсбук“, овие обелоденувачки изјави ја покажуваат конкретната генијалност на „момчето под качулката“.
Среќен роденден „Фејсбук“!