Катерина Николовска ќе ja илустрира едицијата „Бајки од Македонија“

Младата илустраторка Николовска e добитник на паричната награда од 200.000 денари, што ја доделува Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ„Браво сине!“. Едицијата „Бајки од Македонија“ ќе биде издадена во мај годинава, кога ќе може да се најде и во продажба

Креативното решение на Катерина Николовска за илустрација на едицијата „Бајки од Македонија“ победи на отворениот конкурс за избор на млади дизајнери – илустратори што го организираше Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“. Николовска во следниот период целосно ќе ги дизајнира четирите бајки „Вејко Северко“, „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“ и „Девојчето и 12-те месеци“. Финалното печатено издание на едицијата „Бајки од Македонија“ во мај 2016 година ќе биде издадено од страна на издавачката куќа „Арс Ламина“, која е партнер во проектот.

Паричната награда од 200.000 денари за победничкото решение на конкурсот ја обезбеди Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“.

„Навистина ми претставува огромно задоволство што во толку голема конкуренција токму моите илустрации победија. Наградата претставува вистинска мотивација, но најголема мотивација и радост за мене е можноста да работам на целосна илустрација на бајките. Средствата од наградата ќе ги искористам за дополнително професионално усовршување особено во 3Д дизајнот, кој станува особено атрактивен сегмент во креативниот сектор“, истакна авторката на победничкото решение, Николовска.

На отворениот конкурс се пријавија 38 дизајнери – илустратори кои понудија различни стилски решенија. Сите пристигнати решенија беа разгледани од Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ и претставниците на издавачката куќа „Арс Ламина“, по што беше избрано победничкото решение кое беше оценето како најсоодветно за проектот „Бајки од Македонија“.

За нас беше многу пријатно изненадување што на конкурсот пристигнаа толку голем број решенија. Имавме тешка задача да одбереме една од навистина солидните илустрации. Особено задоволство за нас претставува сознанието дека во Македонија има сериозен креативен потенцијал кај младите, што е дополнителен поттик за продолжување на нашата мисија и во следниот период. Искрено се надеваме дека новиот проект „Бајки од Македонија“ преку оригиналните илустрации ќе им биде омилено четиво на децата“, изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“.

Покрај Николовска, професионален ангажман за илустрација на книги им биде понуден и на Оливер Коларевски и авторскиот тим на Милош Ѓуровски. Тие ќе бидат ангажирани на посебни проекти на издавачката куќа „Арс Ламина“.

„Тргнувајќи од сознанието дека читателската публика се создава уште од најрана возраст, за нас овој проект е од огромно значење. Ние посветуваме големо внимание на литературата за деца, па затоа проектот „Бајки од Македонија“ за нас е особено важен, бидејќи освен што ќе ја збогати понудата за најмладата читателска публика, истовремено претставува спој на модерните трендови во визуелизација на бајките и автентичното народно творештво. Да се пренесе традицијата на начин разбирлив за новите генерации е вистински предизвик, изјави Билјана Црвенковска, уредник во „Арс Ламина – публикации“.

Во изборот на приказните од македонското народно творештво стручна поддршка во изборот даде и Институтот за Фолкор „Марко Цепенков“.

Бајки од Македонија е втор проект на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“. Минатата година успешно беше реализиран првиот проект Слатко со идентитет“.

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“, чија цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија – Иво Лауренчиќ. Во активностите на движењето се вклучија голем број претставници на јавниот живот, бизнисмени, уметници, членови на академската заедница, како и луѓе од креативната индустрија од земјава и целиот регион.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s