Се ближи празникот на виното и љубовта, што е причина повеќе да им посветите посебно внимание на вашите најблиски.
Изненадете ги со подарок книга полна љубов, а ние ќе ви помогнеме во изборот:
„Сплеткарот Купидон“ од Џина Ардито – кратка љубовна приказна за Св. Валентин
„Те чекам“ од Џенифер Л. Арментраут – еден од најчитаните љубовни романи за млади на листите од светски познатата веб-страница goodreads.com
„Безнадежно“ од Колин Хувер – приказна за средбата помеѓу двајца млади луѓе која ќе Ве врати во времето на Вашата прва љубов
„Делириум“ и „Пандемониум“ од Лорен Оливер – едни од најдобрите тинејџерски романи на сите времиња кои се споредуваат со добро познатиот серијал „Игри на гладта“ (Hunger Games)
„Проектот Роузи“ од Грем Симсион – современа романтична бајка раскажана заводливо и шармантно, привлечно и со многу хумор.
Комплет: 4×101 мисла
„101 мисла за љубовта“, „101 мисла за виното“, „101 мисла за успехот“, „101 мисла за жената“
Комплет: Подарок за неа
„Кејт идната кралица“ од Кети Никол
„Заговорот против Дијана“ од Алан Пауер
„Карла Бруни и Никола Саркози: вистинска приказна“ од Валери Бенаим и Ив Азеруал
Комплет: Подарок за него
„Роналдо: Опсесија за совршенство“ од Лука Кајоли
„Плејбојот и стаорецот: Приказната за Џејмс Хант и Ники Лауда“ од Рој Кали
„Спортскиот амбасадор Новак Ѓоковиќ и подемот на Србија“ од Крис Бауерс.