Книга што би можела да ви го спаси животот

Кога на својата триесет и прва година, при еден МРТ-преглед од страна на неговите двајца најблиски соработници, францускиот невро-истражувач Давид Сербан-Шрајбер ќе открие дека има рак на мозокот, веројатно и самиот нема да може да претпостави дека деценија и пол подоцна, на страниците на својата книга Антиканцер: Нов начин на живот, токму овој миг ќе го опише како пресвртен во неговата потрага да стане подобар човек.

Со комбинирање на научни статии, концизни објаснувања за она што ги тера клетките на ракот да се развиваат, а што ги попречува и со применување и на конвенционални и на алтернативни начини за забавување и спречување на ракот, Антиканцер: Нов начин на живот е револуционерен.

Тоа е трогателна приказна за внатрешната и надворешната потрага на еден лекар по својот баланс; радикална во дискусиите за животната средина, животниот стил и траумата; и нескротлива и предупредувачка во својот предлог дека клетките на ракот лежат латентно во сите нас и сите ние мораме да се грижиме за „теренот“ во кој тие постојат.

Залагајќи се за голема промена во начинот на кој го разбираме и се соочуваме со ракот, Антиканцер: Нов начин на живот е радикална научна синтеза и лично искуство, инспирирачко лично патување, а секако и водич за „нов начин на живот“.

Антиканцер: Нов начин на живот ни кажува:

  • Зошто традиционалната западна исхрана ги создава условите за болеста и како да развиеме исхрана против рак базирана врз наука.
  • Како и зошто шеќерот и стресот го хранат ракот и на кој начин да достигнеме животен баланс и добра исхрана за да се бориме против ракот.
  • Зошто ефектите на беспомошност и неизлекувани рани влијаат врз нашата способност да го возобновиме здравјето.
  • Како да ги користиме плодовите од вежбање, јога и медитација.
  • Како да ги минимизираме токсините од животната средина.
  • Како да ја најдеме вистинската мешавина од традиционална и алтернативна здравствена нега.

Извонредната приказна на д-р Серван-Шрајбер како преживеаник од рак и научник погледнете ја тука:

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s