Животот на бегалците во белетристиката

12368

Ова e преглед на неколку книги за глобалната миграција и за сокршените граници, вклучувајќи ја „Градот на трњето: Девет животи во најголемиот камп за бегалци на светот“ од Бен Роленс. Книгата на Роленс не е измислица, туку прифатените и популарни романи од последниве години го поставија прашањето за бегалците пред пошироко внимание со тоа што ставија сочувствителни фиктивни ликови во ситуации што многу (понекогаш премногу) заличуваат на реалниот живот.

Бестселерот на Клис Клив, „Пчелка“ (2009), беше за невообичаената врска помеѓу една добро ситуирана Британка и една Нигеријка. Во рецензијата за книгата, Каролина Елкинс ја нарекува „мошне читлив и трогателен“ роман. „Иако значењето на ’Пчелка‘ отпрвин изгледа неприродно… неговото влијание воопшто не е плитко.“

Романот на Халед Хосеини од 2003 година, „Ловец на змејови“, што со години беше на листата бестселери на Тајмс, ја раскажува приказната за едно авганистанско момче со име Амир и за неговиот живот и во матичната држава и, потоа, во Калифорнија. А во 2006 година, Дејв Егерс во „Што е она што“ самосвесно ја помешува границата помеѓу реалното и фиктивното, кога авторот состави роман од многуте негови интервјуа со Валентино Ачак Денг, судански бегалец кој заврши во Атланта по многу морничави попатни станици. Френсин Проуз, во овие страници, напиша: „Дарежливиот дух и навидум неисцрпливата енергија на Егерс… го трансформираа Валентино и луѓето кои тој ги сретна на своето патување во ликови од книга со имагинативен замав, зафат и пред сè, емотивна моќ на јунак.“

Оригиналниот текст тука.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s