Сликовници со активности „Матеј и Луна“

Серијалот „Матеј и Луна“ во издание на Либи преставува комбинација на весели приказни за близначињата Матеј и Луна со различни загатки и активности со цртање, боење, почетно пишување, броење, сметање. Овие сликовници со активности се наменети за дечињата од голема група во градинка и прво одделение.

Викенд на село со Матеј и Луна

Близначињата Матеј и Луна поминуваат возбудлив викенд на село, запознавајќи се со животните кои живеат на малечката фарма, овошките и зеленчукот кои се одгледуваат таму, а имаат и по некоја невообичаена средба во околната шума.

Матеј и Луна летуваат на море

Матеј и Луна го поминуваат летото на море, што значи многу игри во песокот, пливање, нуркање, запознавање со рипчињата и други морски животни, како и потрага по многу потонати богатства. Ништо не е невозможно во лето!

Матеј и Луна поаѓаат на училиште

Денеска е први септември, првиот училиштен ден! Првачињата Матеј и Луна, полни со возбуда, ги дочекува учителката Маја, а тука се и новите другарчиња. Децата ги чекаат многу згоди и незгоди, учење, цртање, боење, литање и пишување, но и многу забава и дружење.

Дедо Мраз кај Матеј и Луна

Се ближи Нова година, а близначињата Матеј и Луна се на гости кај баба им Цвета. Тие веќе испратија писмо до Дедо Мраз и очекуваат подароци, но изгледа дека тој има нешто друго на ум…

matej i luna site 4 700x300

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s