Шест тренда за книги за 2016-та: Поглед кон иднината

Што ќе се случува со книгите во 2016-та? Еве шест тренда што треба да ги очекувате.

Книгите се враќаат во мода

Поточно кажано, печатените книги. Во декември, „Нилсен Букскен“ даде извештај дека во 2015-та биле продадени 571 милион печатени книги, односно 17 милиони повеќе од претходната година. Во меѓувреме, електронските книги, што во еден момент се предвидуваше дека ќе дојдат од 50 до 60% од вкупниот износ на продажба на книги, останаа само на 25%.

Големите печатени хитови докажаа дека нема само една демографска група што сака книги од хартија: вториот роман на Харпер Ли, „Оди постави чувар“, им се допадна на читателите од сите возрасни групи; „Браќата Рајт“ од историчарот Дејвид Мекала допре до постарите читатели; тинејџерите се навлекоа на книги од ѕвезди од „Јутјуб“; а „Дневникот на едно кускуле: стара школа“, последниот роман на Џеф Кини за основци, достигна неверојатни 95% од продажбата на печатени изданија.

Најголемиот двигател што не познава возрасни граници во продажбата на печатени книги беше наглата побарувачка за боенки за возрасни. Иако некои од нив се достапни како електронски книги или апликации, обожавателите на боенки за возрасни ги користат како начин да избегаат да не зјапаат во екрани. Креаторот на најпопуларната боенка Џоана Басфорс, чијашто „Тајна градина“ го почна неодамнешниот тренд, дозволува нејзините боенки да ги има само во печатено издание. Ај, сега да те видиме, дигитален свету.

Ефектот на „Војна на ѕвездите“

Настрана од продажбата на книги, читателите не живеат во вакуум – тие живеат во истиот културолошки универзум како оној што му овозможи на филмот „Силата се буди“ да има најдобар викенд на премиера во историјата на кинематографијата. Откако гледачите ги изгледале сите можни филмови од „Војна на ѕвездите“, издавачите очекуваат дека некои од нив ќе дојдат во нивните локални книжарници за да бараат други вселенски авантури. „Орбита“, научно-фантастична и фантазиска серија на „Ашет“, го удвои својот годишен печат за следната година на 90 наслови.

Во 2015-та, „Сајмон енд Шустер“ ја лансира својата прва научно-фантастична серија, „Сага“; доцна годинава „Хоутон Мифлин Харкорт“ најави создавање на серија, „Џон Џозеф Адамс Букс“, крстена, но и водена од уредникот на „Најдобрата американската научно-фантастична и фантазиска“ антологија, кој смета дека сме во нова златна доба на научна фантастика.

Појдете до вашата локална книжарница и почнете да разгледувате.

Ако не можете да го читате Џорџ Р. Р. Мартин, придружете му се

Читателите мораа да издржат нечовечно долги интервали помеѓу романите со епска фантазија на Џорџ Р. Р. Мартин, чијашто бестселер-серија „Песна на мраз и оган“ се здоби со легија обожаватели преку адаптацијата на Ејџ-би-о, „Игра на тронови“. Иако телевизиската серија почнува со шестата сезона дури во април, Мартин упорно одбива да наведе датум на издавање на неговата следна книга, „Ветровите на зимата“. Тој на својот блог пишува, „Ќе ја завршам кога ќе ја завршам“.

Во меѓувреме, празнината ја пополнуваат други автори кои пишуваат нивни епски фантазии. Најзабележлив во оваа толпа автори е Марлон Џејмс, јамајско-американски романсиер кој ја освои наградата „Мен Букер“ за 2015-та со „Кратката историја на седумте убиства“. Откако го заврши тој огромен, комплексен роман за обидот за атентат на Боб Марли во 1976-та, амбициозниот и многу талентиран Џејмс почнал да го пишува она што самиот го нарекува „африканска ’Игра на тронови‘“. Џејмс изјавил за списанието „Мен оф д ворлд“, „Сфатив колку ми е смачено да се расправам на тема дали треба да има хобит-црнец во ’Господарот на прстените‘. Африканскиот фолклор е исто толку богат и еднакво перверзен како тој… Имаме вештерки, имаме демони, имаме гоблини и луди кралеви“. Романот на Џејмс е со работен наслов „Црн леопард, црвен волк“, и како оној на Мартин, нема датум за издавање. Но, докажува дека следува сè повеќе епска фантазија.

Долгата научна литература е во опасност

Порано миленик на новите медиуми, долгата научна литература произведе живи стартапи како „Атавист“ и „Бајлајнер“, кои се стекнаа со светол публицитет и добија големи инвеститори. Тие беа итри, онлајн-издавачи кои донесоа богати, известувачки приказни директно до читателите без ограничувања на бројот на страниците на едно списание. „Бајлајнер“, на пример, го објави опширното и контроверзно експозе на Џон Кракауер за авторот и активист Грег Мортенсон, „Три шолји измама“.

Креативната платформа на „Атавист“, која интегрира аудио, видео, звуци, мапи и друга интерактивност, направи изданијата да се издвојат со ветување за мултидимензионалност, а вештините за раскажување приказни ги натераа инвеститорите да се прошират повторно во традиционалното издаваштво. Но, „Бајлајнер“ затвори во 2014-та; издавачкиот потфат „Атавист“ траеше помалку од една година, а во декември намалениот „Атавист“ отпушти половина од своите вработени. „Амазон“ се уште продава „Киндл Синглс“, но понудата е чудна мешавина на застарени и нови приказни, со мешање на докажани и недокажани автори.

Преку успехот на поткастот „Серијал“ и серијалот „Создавањето на еден убиец“ на „Нетфликс“, јасно е дека добро истражените научни приказни имаат подготвена публика – но таа публика се чини дека, барем во моментов, се има одвикнато да чита.

Независните издавачи ја носат авангардата

Кога беше објавена наградата за млади писатели, 5 под 35, на Националните награди за книги јасно беше дека најдобрата белетристика од млади дојде од 2015: маргините. За првпат во десетгодишната историја, три од петте почесни победници беа избрани од независни издавачи: „Д Дороти Проџект“, „Иг Паблишинг“ и „Хоторн Букс“. Со помали правила за печатење и честопати интимен однос со читателите, овие помали издавачки куќи успеаја да преземат поголеми ризици од нивните поголеми колеги и наоѓаат навистина одлични писатели надвор од мејнстримот.

Не пропуштајте ги делата на „Опен Летер“, „Дип Велум“, „Белви Литерари Прес“, „Катапулт“, „Рестлес Букс“, „Ту Долар Рејдио“ и „Лос Анџелес Анејмд Прес“; наспроти поизвиканите независни издавачи како „Грејвулф“ и „Мексвини“, тие носат толку оригинална и возбудлива белетристика што прават тоа да изгледа како лесна задача.

Ова е голем и разновиден свет

Во 2015-та, Нобеловата награда за литература отиде кај рускиот автор Светлана Алексиевич; за некои, наградата беше значајна, бидејќи Алексиевич е научен писател, а досега имало само тројца такви лауреати. Но, за американските издавачи, тоа беше веќе видено нивно откачување. И покрај низа лауреати од 20 век, ниеден Американец немал добиено Нобелова награда за литература од Тони Морисон во 1993-та. Нашето пишување се гледа како „преизолирано, преинсуларно“, според еден член на комисијата за Нобел.

Оваа квазиинтелектуална критика се рефлектира во барањата за зголемен диверзитет во ликовите кои се претставуваат во книги за деца и млади. Организацијата „Ни требаат разновидни книги“, која израсна од твитер-разговор во 2014-та, почна да презема мерки. Сега таа помага да се спонзорираат практики, посети на училишта и да се наоѓаат грантови за писатели и илустратори во подем, а организацијата лансираше и програма за менторство за разновидни писатели и нивните дела.

Во 2016-та, зголемената литературна разновидност ќе се негува одоздола нагоре.

6966883093_5fa64ed49e_b

Оригиналниот текст тука.

Advertisements

One thought on “Шест тренда за книги за 2016-та: Поглед кон иднината

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s