Магијата е во јазиците

Моја библиотека: Билјана Максимовска

Јавноста ја знае како лице од медиумите, иако многу подолг период се занимаваше со маркетинг и односи со јавност. Стекнатите искуства и знаења како сврзани садови не знаеш за што ќе ти се најдат, како нејзиното знаење по диплома, вешто зборување на неколку јазици, со што ја прави привилегирана литературата да ја чита во оригинал, а патем и дава шанса да плива во различни професионални води.

IMG_4183Дали има книга што си ја препрочитала повеќе од трипати?

Кога бев дете повеќе ми се случуваше да препрочитувам, подоцна некако бев жедна за ново и ново. Сега, кога наоѓам време, читам она што сакам. Ја имам сигурно 7-8 пати читано „Двојната Лота“. Бев маѓепсана од приказната за сестрите близначки.

Со кој лик од книга се идентификуваш?

Никогаш 100% не сум се идентификувала. Во секој карактер ќе најдеш дел од тебе или ќе откриеш нешто за себе, па ќе те смири или ќе те вознемири. Пред десетина години ме инспирираше еден лик, Мисиа од „За нас тројцата“ или „Di Noi Tre“ од Андреа де Карло, ме инспирираше да отпатувам на подолго од дома, неколку месеци подоцна лично го запознав писателот, ми даде автограм на новиот роман и му реков: „Благодарам што ме инспириравте да дојдам во Италија“, тоа беше 2005 година во Болоња. Исто, Коелјо го читав многу пред 15 години, имам и негов автограм некаде, добро што ме потсетивте да си ги најдам книгите и автограмите, многу ми значеа. Ликови ме импресионираат, затоа ја сакам „Илјада сјајни сонца“ на Калед Хосеини и многу други.

Која сцена од книга те оставила без здив или те наежила?

„Илјада сјајни сонца“, импресивно до коска, тажно, полно емоција и желба за живот, и пишувањето на Еко во „Баудолино“, невозможно убаво, си игра со секој збор, ја читав на италијански и сметам дека магијата е во јазиците, јас сум филолог и кога пливам во јазични дискурси, уживам.

Кој е најскапата книга што си ја купила во животот?

Речиси никогаш не ги ценам парите за вредноста на посакуваната книга или друго нешто од квалитетно значење. Не се сеќавам, веројатно некоја стручна книга или енциклопедија.

Пишуваш ли посвети на книги?

Посвети пишувам секогаш, во зависност од лицето со кое контактирам или е наменето. А и мене ми пишуваат, се радувам на книги, имам една пријателка, се гаѓаме со книги редовно и со убави зборови и мисли. Посвети не паметам. Прво што ќе ми дојде на памет, затоа што се од срце, напишани или кажани, но ги паметам убавите мисли што ги добивам и давам најважно е умислата или мислата. Никогаш не успеав да учам на памет, читам, се информирам и импровизирам.

Кој наслов од Литература.мк го сакаш во твојата библиотека?

Имам две книги досега од „Арс Либрис“, сега за мене би сакала некое современо четиво, од типот на „ПР“ од Александар Илиќ. Во фаза сме на воведување на ќеркичката во светот на книгите, па за неа би сакала некоја од книгите за пчеличката Маја.

IMG_4169

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s