Сер Тери Прачет запаметен од ќерка му, Ријана Прачет

Сценаристката за игри, стрипови и филмови се присетува на дарбата на татко ѝ, Тери Прачет, за опсервацијата, неговата љубов кон природата и идилата од детство исполнето со чудесии, животински свет и мачки

634Татко ми многу зборуваше за смртта. Тој веруваше дека треба да бидеме повеќе како нашите викторијански предци, кои, иако биле мошне срамежливи кога станувало збор за секс, ја сметале смртта како многу поудобна тема на разговор. Тоа е заеднички содржател. Без разлика кои сте, еден ден косачот на смртта ќе дојде по вас.

Косачот дојде по татко ми многу рано во неговиот живот, во облик на Смрт од неговите светски познати и обожавани романи „Дисксвет“. Смртта беше еден виснат, наметнат скелет со коса во рацете кој имаше наклонетост кон кари, љубов кон мачки и ЗБОРУВАШЕ СО ВАКОВ ГЛАС. Добивме голем број на срцепарателни писма од обожаватели кои беа при крај со нивниот живот и се тешеа со тоа што замислуваа дека кога смртта ќе дојде по нив тоа ќе биде како да јаваат бело коњче кое се вика Бинки. Татко ми имаше направено нешто подобро од сите други – тој ја направи Смртта да звучи пријателски.

За мене, како за многумина од неговите обожаватели, неговиот дар за карактеризација од тој тип ги правеше неговите книги чисто наративно злато. Татко ми беше одличен набљудувач на луѓе. А кога му снема вистински луѓе, тој одлично ги измислуваше. И двете негови баби се појавуваа како ликови на вештерки, а има и голем дел од мојот карактер во Тифани Ејкинг и Сузан Сто Хелит, посвоената внука на Смртта. Секогаш велеше дека тој најмногу заличува на грубиот командир Вајмс, во напад кон неправдината. Но, тој беше и нешто како Смртта, секогаш сакаше добро кари, а Прачетовите имаат мачки како што другите луѓе имаат тоалети.

12486Секако, Вајмсовото однесување на татко ми дојде до израз кога доби дијагноза за Алцхајмерова болест на 59 години и сфати колку малку имаше поддршка за оваа болест во земјата. Преку негови лични донации и јавни кампањи тој експоненцијално ја крена свеста и поддршката за истражување. Исто така, неговото страсно лобирање за помош при смрт беше од голема важност во кревањето на свеста за фактот дека добрата смрт треба да биде еднакво важна како добриот живот. Тој ќе беше вџасен ако видеше дека нашите политичари не го сфаќаат тоа.
Изливот на тага и поддршка што следуваше по објавата за неговата смрт беше огромен. Но, тоа не беше некое изненадување, бидејќи неговите дела ги сакаа колку што го сакаа и него. На неговиот погреб, јас го носев мечот и го држев на ниво на мојата брада како поздрав до еден лидер и го притиснав до срцето додека се спушташе ковчегот. Бидејќи беше практичен вид на витез, тој мораше да направи сопствен меч; користејќи руда од челик што ја собираше од нашето земјиште, стопена во фабричка печка направена од измет од овци и глина. Тој дури додаде и парче метеорит и го крсти мечот – Челична грмотевица.

Неговиот погреб ми покажа дека татко ми им значел многу на многумина, а дека сите ние тажевме по различни верзии од него, оние што сме ги чувствувале како најблиски. За мајка ми тоа беа раните години од нивната врска кога биле полусамодоволни, кога си одгледувале самите зеленчук и имале кози во предната градина и кокошки зад куќа. За неговиот менаџер Роб тоа беа моментите кога седеле еден до друг и кога Роб му помагал зборовите да продолжат да течат и кога му правел чудна „напивка“ – кафе со доза бренди. Или, при потешки денови, бренди со доза кафе. За мене, таткото по кој јас најмногу тажев, и сè уште тажам, е тој што го паметам како дете.

Немавме многу пари, но јас едвај го забележував тоа, бидејќи имав шума и пасишта за да си трчкам, дрвја за да се качувам и животни за да си играм. Јас и татко ми често се шетавме во околината додека ме учеше кои диви растенија се јадат и ми покажуваше скриени пештери и езерца среде шума. Тој често свиркаше гласно. Никогаш не ми успеа тоа, па како замена ме научи како да ја пеам песната „Рубарб Тарт“ и „Чии свињи се овие?“ Си ги пеевме гласно, весело и животните бегаа од нас.

Татко ми беше тој што се оддаваше на наративот на ситуацијата многу повеќе отколку на практичноста. Па, затоа ќе ме замоташе во ќебе и ќе ме извадеше од кревет среде ноќ за да ми ги покаже светулките во опашката на Халеевата комета на небото полно со ѕвезди. За него беше многу поважно ќерка му да ги види тие чудесии на природата отколку да спие, нешто што можев да го правам кога сакам. Тој не ме учеше на магија, тој ми ја покажуваше.

Им должам многу и на татко ми и на мајка ми за идилата од детство, детство што ми помогна да станам она што сум денес. Детство каде што можев да бидам слободно да трчам низ природата, да се качувам на дрвја (и да паѓам од нив) и да ги сфатам чудата на светот – и секако, да можам да молзам кози во вонредна ситуација. Мислам дека каде и да е татко ми сега, има шапка на главата, стап во раката и свирче на усните. Веројатно има и мачка таму некаде. Секогаш треба да има и мачка.

1258

Оригиналниот текст тука.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s