„Мариока Шотен“ – книжарница што продава само по една книга

Соочени со стотици нови наслови што секоја година се објавуваат по светот, книжарите имаат тешка задача, што да им понудат на своите купувачи. Еден јапонски сопственик на мала книжарница „Мариока Шотен“ одлучил во својата понуда неделно да става по еден наслов.

Morioka-bookstore

Книжарницата е отворена во мај минатата година, во луксузниот токиски кварт Гинза, а нејзиниот сопственик Јошијуки Мариока се охрабрил на овој пристап сметајќи дека е најдобар начин за преставување на секоја поединечна книга. Од неговото претходно искуство, десетгодишното водење на друга книжарница што секојдневно во својата понуда имала по 200 книги, вели: „Имав практика да организирам неколку промоции на книги годишно на кои доаѓаа само заинтересирани за таа една и единствена книга. Така дојдов на идеја за книжарница што ќе продава само по еден наслов неделно“.

Покрај тоа што има рестриктивна понуда, книжарницата во текот на една недела организира и изложби адаптирани на даденото дело, па така дводимензионалната книга се претвора во тродимензионално искуство.

Morioka-bookstore21-600x368

„Се чини дека концептот на книжарницата наиде на општи симпатии, па доаѓаат гости од различни страни на светот“, се фали Мариока, кој досега на овој начин има продадено 2100 книги.

„Иако пазарот на книги денеска се соочува со пораст на електронските изданија и онлајн-сервиси, книгата и понатаму останува физички промет на кој многумина ќе му останат верни“, додава Мариока.

Morioka-bookstore3-600x361

Извор: The Guardian, Oddity Central

Advertisements

One thought on “„Мариока Шотен“ – книжарница што продава само по една книга

  1. Пингување: „Мариока Шотен“ – книжарница што продава само по една книга | Friday

Comments are closed.