Роман за модерните момчиња и девојчиња

4 пријатели онлајн!е најновиот роман во издание на нашиот најсакан детски бренд Либи, наменет за модерните момчиња и девојчиња над 9 години.

4-prijateli-online-web

Еуџенио не е омилена личност во училиштето. Марко е ужасно здодевен. Елизабета е извештачена, од прва категорија. Џанлука е неподнослив мрморко…

Во секојдневната реалност, овие четворица не се поднесуваат. А кога се среќаваат, на училиште или на фудбалското игралиште, прават сè за да се избегнат.

Сепак, има едно место каде што си помагаат и се советуваат. Место на кое, заштитени со анонимноста, се чувствуваат во совршена синхронија. Интернет.

Само кога би знаеле што се крие зад овие прекари…

 

Која е Каролина Каприја?

Список на пет работи што треба да ги знаете за мене:

  1. Родена сум во Козенца пред триесет години. Беше јули и првото место што го видов (по болницата, се разбира) беше куќата со зелен бунар и тераса што гледа кон морето. По неколку години, во градината на таа куќа научив да возам велосипед на седиштето на една розова „Грациела“.
  2. М., Ч. и Џ. се моето семејство. М. многу зборува, додека Ч. е молчалив. М. ги решава сите проблеми, додека Ч. знае да ги поправи работите што се кршат. Двајцата се многу мили родители, најмили што можеа да ми се паднат. Потоа Џ., кој кога беше мал ме влечеше за коса сè додека не заплачев. Иако претпоставките не беа најдобри, со времето Џ. стана брат како што треба.
  3. Ми се допаѓа незрело овошје, да возам мотор кога е сончево, да гледам ТВ, чоколадно млеко, топлината на фенот, мирис на детергент, подготовка на пица со салама за М. и А., да удирам со прстите по тастатурата на компјутерот, замислувајќи музика, тестенини и компири што ги прави баба, да играм со В., да носам машни и бисерчиња.
  4. Почнав да пишувам зошто секогаш мислев дека читањето приказни е најубавата работа. Поубава од сите. Кога сфатив дека учејќи и работејќи и јас можам да научам да пишувам приказни што ми скокаа низ главата, толку бев среќна што не го забележав учењето и работењето. Денес е моја професија, да измислувам и да пишувам приказни, а ова докажува дека во најголемиот број случаи, за да успееш да направиш нешто доволно е да се потрудиш.
  5. Пред да заспијам мислам на она што ќе се случи наредниот ден, за да се организирам. А пак, наутро, пред да станам, мислам на она што нема да се случи никогаш во реалниот свет, бидејќи никогаш нема ништо позабавно.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s