Интересна домино низа од книги

Библиотеката во Сиетл не само што е позната по зградата во која е сместена туку и по најзанимливата домино низа од книги која ја направија тамошните библиотекари.

За да го придобијат вниманието на јавноста, оваа библиотека во 2013 година одлучи да направи на домино низа од книги, со цел да ја промовира програмата за летно читање на книги и да ги поттикнат луѓето своето слободно време да го поминуваат во читање книги.

За оваа акција студентите Лук Гринвеј и Лаура Д`асаро имале задача да ја дизајнираат низата од книги и потоа да овозможат нејзино поставување во библиотеката. Во реализација на идејата учествувале 27 волонтери кои на 31 мај 2013 година за 7 часа, внимателно во низа подредиле 2131 книга. Волонтерите минувале низ агонија од 5 обиди бидејќи низата случајно поаѓала да се руши. Инаку книгите кои се користени во овој проект се собрани или по пат на донации или се застарени па веќе не се дел од библиотечниот фонд, а ниту една книга не е оштетена во редењето на доминото од книги.

Подоцна овие книги библиотеката ги продала за да собере пари за нови програми и услуги.

Погледнете го видеото од домино низата од книги направена во библиотеката во Сиетл:

Advertisements