Помеѓу книга и интернет

Моја библиотека: Зоран Ристевски =  (радост + младост) + (плочи + грамофон) х град + љубов

Ова е равенката со која добивате благодарен соговорник за бескрајно многу теми, од музика, преку мода и литература до нови научни достигнувања. Неговата библиотека е шетана на лонгбордот и по најфреквентните сообраќајници, стигна и до нашиот блог. 

 

bejbe1Која книга во одреден период од животот влијаела на твоите ставови и начин на размислување, односно ти направила „пресврт“ во животот?

Јас сум од оние кои се бореа да сменат што побргу картон во библиотека пред своите другари. Да споменам тоа беа мали картони каде можеа да се заврзат триесетина книги. Така што онака како што денес консумираме интернет така јас консумирав книги, стрипови и магазини. Секако повеќето книги беа од оние кои ми даваа насока во некој сегмент во животот. Од секогаш сум сакал книги кои се бават со маргинализирани социјални групи во било кој сегмент. Микрокосмоси во кои тешко се влегува, а кои се контрадикторни со свеста на мнозинството во периодот кога се случува дејствието. „Собата на Џовани“ на Џејмс Болдвин: за рајот во 4 ѕида, за фрустрациите предизвикани од љубов која нема иднина. За еден свет полн со предрасуди и за Париз град на слободата. Бисексуалноста на главниот јунак е само мотив за да допреме до некои универзални емоции. Книгата го имаше истиот удар во стомакот како што да речеме за мене влијаеше и првото гледање на „Последното танго во Париз“ на Бертолучи на 11 години.

 

Лик од книга кој ти бил ноќна мора?

Ги сакам негативците кои истовремено ме плашат, ги мразам, а воедно навивам за нив. Но, последен пат вистински ме напна Миранда Присли во книгата „Ѓаволот носи Прада“. Лесно комично четиво кое опишува како е да се работи во магазинот Вог и да се поднесе бездушната уредничка. Книгата беше бестселер, а филмот по романот и донесе и номинација за Оскар на Мерил Стрип. Патем морам да споменам дека никогаш не го преболев сиропиталиштето на Оливер Твист.

 

Zoki BejbeИма ли книга што си ја препрочитал повеќе од три пати, која и зошто?

Да, секако. Диџејската приказна „Електрошок“ на Лорен Гарние. Историјата на хаусот и техно музиката прераскажана низ неговата биографска приказна, а дополнета со листа на најзначајните плочи кои ви создаваат саундтрак за периодот кој тој го раскажува. Бесценето дело за денешните млади диџеи, а истовремено интересен роман за широката публика бидејќи ситуациите се повеќе од чудни и комични на моменти. Кај нас издавач на оваа книга е „Три“ на иницијатива и во соработка со промотерската куќа Баланс.

 

Која е последната книга што не можеше да ја оставиш додека не ја прочиташ до крај?

Поради зависноста од интернет искрено се помалку читам книги. Купувам и си фаќаат прашина. Па ќе се натерам да читам и по три страни стигнува нотификација на фејзбук или инстаграм и ја оставам книгата. Значи денес се борам да ја задржам книгата во раце. Во моментов тоа е „Темната соба“ на Исак Роса.

 

Кој наслов од Арс Либрис го сакаш во твојата библиотека?

ЈАВАЧ НА КИТОВИ од Вити Ихимаера.

 

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.