Извадок: „Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна“ од Јонас Јонасон

Алан и Херберт трите дена чекање ги поминале во одмарање, бидејќи храната во палатата на премиерот била вкусна, а креветите меки. Американските бомбардери му се приближувале на Пјонгјанг многу ретко, бидејќи нишанеле на поедноставни цели.

Конечно дошол и тој ден. По Алан дошол првиот човек на првиот човек на премиерот и го испратил по ходниците на палатата до канцеларијата на првиот човек. Алан веќе бил подготвен за тоа дека првиот човек всушност е едно дете.

– Јас сум синот на премиерот, Ким II Сунг – рекол Ким Џонг II. – И јас сум му првиот човек на тато.

Ким Џонг II му подал рака на маршалот и ракувањето било вистинско, иако целата рака му пропаднала во полната дланка на Алан.

– А јас сум маршал Кирил Афанасијевич Меретсков – рекол Алан. – Се заблагодарувам што младиот господин најде време да ме прими. Дозволува ли младиот господин Ким да го изнесам својот случај?

Ким Џонг II се согласил, па Алан продолжил со лагите: маршалот носи, како што разбрал младиот господин Ким, порака за премиерот директно од другарот Сталин во Москва. Бидејќи постои сомневање дека Америка – таа капиталистичка хиена – може да се вовлече во советскиот комуникациски систем (маршалот не би навлегувал во детали, ако младиот господин нема ништо против?), другарот Сталин одлучил пораката да се пренесе вака директно. Честа му припаднала на маршалот и на неговиот аѓутант (кој маршалот, заради сигурност, го оставил во собата).

Ким Џонг II го гледал недоверливо маршалот Алан и изгледало како да чита од книга кога рекол дека неговата работа е да го штити татко му по секоја цена. Објаснил дека татко му го научил во работата да не се потпира на никој. Затоа Ким Џонг II нема да му дозволи на маршалот да се сретне со неговиот татко премиер сè додека неговата приказна не се провери во Советскиот Сојуз. Ким Џонг II, кратко речено, имал намера да се јави во Москва и да праша дали чичко Сталин навистина испратил некој маршал или не.

Алан навистина не го очекувал ова. Седел и се обидувал да го спречи разговорот со Сталин.

– Еден обичен маршал, секако, не би требало да противречи, но сепак морам да укажам на тоа дека телефонот не треба да се корис ти заради испитување ако навистина е точно дека телефонот не би требало да се користи.

Младиот господин го прифатил тоа што го рекол Алан. Но, зборовите на татко му му одекнувале во главата. Сине мој, не се потпирај на никој. Момчето најпосле пронашло решение. Тој ќе му се јави на чичко Сталин, но ќе зборува во шифри. Младиот господин Ким го сретнал чичко Сталин повеќе пати и тој секогаш го нарекувал „млад револуционер“.

– Ќе му се јавам на чичко Сталин, ќе му се претставам како младиот револуционер и ќе прашам дали чичко Сталин испратил некој да го посети мојот татко. Мислам дека со тоа нема да кажеме ништо страшно, дури и ако Американците прислушуваат? А, што мисли маршалот?

Маршалот размислувал за тоа дека момчето е еден вистински итар ѓавол. Колку ли има години? Десет? И Алан пораснал така рано. Во детските денови тој веќе носел динамит за Нитроглицерин АВ во Флен. Алан тогаш помислил дека ова можеби ќе се заврши лошо, но не рекол ништо. Па, нека биде што биде.

– Навистина мислам дека младиот господин Ким е едно многу паметно момче и може далеку да стигне – рекол Алан и препуштил сè на судбината.

– Да, јас ќе го наследам тато, па маршалот, можеби има право. Но, земете шолја чај додека јас да му се јавам на чичко Сталин. Младиот господин Ким прошетал до кафената маса за пишување во едниот агол од собата додека Алан сипал чај и размислувал за тоа да се обиде можеби да скокне од прозорецот. Но, веднаш се откажал од таа идеја. Делумно заради тоа што бил на четвртиот кат од палатата на премиерот, а делумно заради тоа што не сакал да го напушти пријателот. Херберт со задоволство би скокнал (само да смее), но не бил овде.

Алановите мисли одеднаш ги прекинал детски плач. Ја спуштил слушалката, се стрчал кон Алан и низ плач викнал:

– Чичко Сталин е мртов! Чичко Сталин е мртов!

Алан помислил дека навистина е неверојатно колку среќа има, а потоа рекол:

– Полека, полека, млад господине Ким. Дојдете овде да ве прегрне чичко маршал. Полека, полека…

Кога младиот господин Ким најпосле некако се утешил, веќе не делувал така зрел како претходно. Делувал како да нема веќе сила да биде возрасен. Шмркајќи изустил дека чичко Сталин имал мозочен удар пред неколку дена и како што рекла тетка Сталин (така ја викал), умрел неколку минути пред да се јави младиот господин Ким.

Додека младиот господин Ким сè уште седел свиткан во прегратката на Алан, Алан со многу емоции му ги пренел светлите спомени од последната средба со другарот Сталин. Заедно убаво јаделе, а расположението била токму такво какво што може да биде само меѓу вистински пријатели. Другарот Сталин играл и пеел цела ноќ. Алан почнал да ја потпевнува грузиската народна песна со која настапил Сталин, тогаш кога дошло до краток спој во неговата глава, а младиот господин Ким ја препознал песната! Чичко Сталин со истата песна настапил и пред него. Со тоа – ако не и порано – секој сомнеж бил елиминиран. Чичко маршал, сосема јасно, бил оној кој што се претставува. Младиот господин Ким ќе гледа татко му да го прими уште наредниот ден. Но, сега само сака една прегратка…

***

Овој премиер не седел во четири ѕида и не ја управувал својата половина од земјата од канцеларија. За да се сретнат со Ким II Сунг им било потребно едно долго патување, кое од безбедносни причини морало да се одигра во јуришен тенк SU – 122, бидејќи првиот човек на премиерот – т.е. син – сакал да им се придружи.

Патувањето не било ни малку удобно, а тоа не се ни очекувало во јуришен тенк. Алан во текот на патувањето имал многу време да размислува на две не така безначајни работи. Првата била што да му каже на Ким II Сунг, а втората била што тој би сакал да се случи после тој разговор.

Алан пред премиеровиот прв човек и момче тврдел дека дошол со една многу важна порака од другарот Сталин, а таа работа ја решил брзо, забавно и многу едноставно. Лажниот маршал можел сега да измислува што сака; Сталин сепак е премногу мртов за да може да демантира. Така Алан одлучил пораката да гласи дека Сталин одлучил да подари двесте тенкови за комунистичката борба во Кореја. Или триста. Колку повеќе, толку премиерот, се раз- бира, би бил посреќен.

Ова другото било можеби малку покомплицирано. Алан бил помалку заинтересиран да се врати во Советскиот Сојуз после извршениот разговор со Ким II Сунг. Но, немало да биде лесно да се принуди севернокорејскиот водич да им помогне на Херберт и Алан да стигнат до Јужна Кореја. А, ако останеле во близина на Ким II Сунг, секој ден ќе било сè полошо и полошо – бидејќи споменатите тенкови нема да се појават.

Дали единствената алтернатива е Кина? Ако Алан и Херберт носеле црно – бели затворски одела одговорот би бил не, но сега веќе не носеле. Корејскиот гигантски сосед сега можеби се претворил од опасност во ветување, бидејќи Алан станал советски маршал. А посебно ако Алан успеел да издејствува од Ким II Сунг едно убаво воведно писмо.

Следната станица била, значи, Кина. А потоа нека биде како што ќе биде. А ако по пат не се појави некоја подобра идеја, можело уште еднаш да се помине преку Хималаите.

Алан помислил дека мозгањето можело да биде завршено. Ким II Сунг требало прво да добие триста тенкови или четиристотини, не постоела причина за скржавост. После тоа лажниот маршал требало скромно да го замоли премиерот за помош во врска со превозот и визирањето на пасошите пред патот во Кина, бидејќи маршалот имал задача да го посети и Мао Цетунг. Алан бил задоволен од овој однапред исклесан план.

Јуришниот тенк со патниците Алан, Херберт и младиот Ким Џонг II стигнал во предвечерието до нешто што на Алан му изгледало како некој воен објект.

– Што мислиш, да не дојдовме случајно во Јужна Кореја? – прашал Херберт, полн со надеж.

– Ако има некое место на светот каде Ким II Сунг нема да седи и да владее, тогаш тоа сигурно е Северна Кореја – рекол Алан. – Не, јасно ми е… само мислев… не, не мислев на тоа – рекол Херберт.

Гасеничното борбено возило со десет тркала одеднаш застанало тресејќи се. Тројцата патници се извлекле и излегле од него на цврсто тло. Стигнале на воен аеродром и се нашле пред нешто што би можело да претставува зграда на штаб.

Младиот господин Ким им ја придржал вратата на Алан и на Херберт, по што со ситни чекори поминал покрај нив за да може да им ја придржи дури и следната врата. Така сите тројца дошле пред оној најсветиот. Внатре имало една голема маса за пишување, на која имало многу раширени хартии, зад неа на ѕидот една карта на Кореа, а десно една аглеста гарнитура. На една софа седел Ким II Сунг, а на друга неговиот гост. Пред ѕидот на спротивната страна мирно стоеле двајца војници со автоматски пушки.

– Добро вечер, господине премиер – рекол Алан. – Јас сум маршал Кирил Афанасијевич Меретсков од Советскиот Сојуз.

– Не си ти тој – рекол мирно Ким II Сунг. – Го познавам јас добро маршалот Меретсков.

– Оф – рекол Алан.

Војниците веќе не стоеле мирно, туку го впериле своето оружје кон лажниот маршал и неговиот веројатно исто така лажен аѓутант. Ким II Сунг сè уште бил мирен, но неговиот син во исто време се разбеснил и се расплакал. Можеби во тој момент исчезнале последните фрагменти од неговото детство. Немој да се потпираш на никој! А седел во прегратката на овој лажен маршал. Немој да се потпираш на никој! Никогаш, никогаш веќе нема да се потпрам на ниту еден човек.

– Ќе умреш! – му викнал тој плачејќи на Алан. – И ти! – му рекол на Херберт.

– Да, сигурно ќе умрете – рекол Ким II Сунг и понатаму со мирен тон. Но, прво добро ќе ве испрашаме кој ве испратил.

„Ова нема да испадне на добро“, помислил Алан. „Ова ќе испадне на добро“, помислил Херберт.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s