Либи подароци за децата од сите возрасти (2)

Се ближи најубавиот период во годината, а нашите најмили палавковци, како што е ред, си очекуваат подароци. 🙂

Повеќето родители ги следат упатствата за здрава исхрана на децата, па се повеќе се трудат да ги заобиколат класичните пакетчиња полни со чоколади и бонбони и да најдат подобар подарок кој ќе биде покорисен и ќе трае малку подолго. 🙂

А што е подобар подарок од книга? Книгите имаат повеќе намени: да насмеат, да подучат, да разбудат различни емоции кај детето и да создадат емпатија, да го замислат, да му помогнат да совлада нови предизвици и да научи нови работи, да го забавуваат и да помогнат во развивање на неговите логички и креативни капацитети.

Либи, нашиот најмал и најсакан бренд за детска литература е збогатен со многу нови наслови за децата од сите возрасти, а ова е вториот дел од нашиот мал водич, наменет за поголемките деца, кој може да помогне во изборот на најсоодветниот подарок за претстојните празници.

Книги со активности за вежбање и забава за време на зимскиот распуст

  1. Книги со активности „Пчеличката Маја“

Во рамки на серијалот „Пчеличката Маја“ можете да најдете и книги со активности за дечињата од голема група во градинка и прво одделение:

  • МАЈА Весела броенка (броиме, пишуваме, боиме и цртаме) – запознавање со броевите, пишување на броеви, боење и цртање со броеви, креативни активности со броење, собирање и одземање
  • МАЈА Весела пишуванка (ги учиме буквите и зборовите од светот на пчеличката Маја) – запознавање со буквите од азбуката, пишување на букви и учење на нови зборови од светот на пчеличката Маја
  • МАЈА Весела вежбанка (учиме бои и форми) – запознавање со боите и формите, развој на моторички вештини, поттикнување на креативноста, учење математика на забавен начин
  • МАЈА Книга со активности (боиме, цртаме, играме и решаваме) – од точка до точка, лавиринти, сложувалки, боење и цртање, пишување, забавна игри со коцка и игра меморија…

 
brojki-web bukvi-webboi-i-formi-webzabavna-web

 

 

 

 

  1. Сликовници со активности „Матеј и Луна

Серијалот „Матеј и Луна“ е идеален за дечињата од голема група во градинка и прво одделение, затоа што претставува комбинацијата на весели приказни за близначињата Матеј и Луна со различни загатки и активности со цртање, боење, почетно пишување, броење, сметање и уште многу забава!

dedo-mraz-matej-i-luna-web na-more-matej-i-luna-web na-selo-matej-i-luna-web na-uciliste-matej-i-luna-web

 

 

 

 

 

 

  1. Решавај со Дина и Додо

Серијата „Решавај со Дина и Додо“ е збирка на смешни решаванки за малите палавковци од 4 години нагоре, кои служат за развој на моторичките вештини кај децата, јакнење на концентрацијата и поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност. Книгичките се џебен формат, па детето или родителот можат да ги носат секаде со себе. 🙂

sudoku-4x4-websudoku-6x6-websmesni-lavirinti-webtocka-do-tocka-web

 

 

 

 

 

  1. Другарки со стил

Јана, Ања, Лина и Срна многу сакаат да се облекуваат според најновите трендови. Внатре во овие модни сликовници има веќе готови облеки во кои можат да се облекуваат четирите другарки, но дополнително може да се креираат облеки по желба.

drugarki so stil 

Романи за деца за читателите од 7 години нагоре

  1. Апсолутен хит кај девојчињата и кај момчињата од оваа возраст се шесте романи од серијалот „Мачки-детективи“ на Алесандро Гати:

macki

Тие се најспособните детективи во Париз. Четири, со шепи, опаш и мачешка… интуиција!

Мистер Мунлајт е шеф на мачките детективи. Тој е препреден и авантурист со неверојатна интуиција. Жозефин е елегантна и софистицирана, а во неа се вљубуваат сите мачори од Париз. Понпон е најмалиот во групата. Тврдоглав и трапав, секогаш прави многу незгоди. Додо Марсеецот е ќелав скитник и итрец што ги познава сите тајни на подземјето.

 

6. „Што сонуваше Дедо Мраз“ на Билјана С. Црвенковска е нашиот прв роман за деца од домашен автор, наменет за деца од 9 години нагоре и за оние што сакаат да сонуваат, кој веќе се преведува на англиски јазик. 🙂

Dedo Mraz mock up-01Се ближи Нова година, но нешто необично се случува. Во сандачето на Дедо Мраз пристигнаа едвај неколку писма. Поштарот доаѓа ретко, а и на имејл се појави само една порака.

Само една?!

Да, само една, и тоа крајно вознемирувачка.

„Скандалозно!“ ќе извика Дедо Мраз, откако ќе ја прочита пораката.

А потоа следува една волшебна, и смешна и тажна, и возбудлива и опасна, авантура, што ќе го одведе Дедо Мраз во Земјата на соништата, а џуџињата Лутко, Буцко и Спанко ќе пропатуваат половина Земјина топка и назад… и сето тоа во само една единствена ноќ!

 

7. Серијалот романи за деца „Замокот на стравот“  е препорачан за деца над десет години, а е истовремено страшен, смешен и многу возбудлив. 🙂

Мои драги и баксузни пријатели, почнете веднаш да се тресете, бидејќи во Замокот на стравот треперењето си е како дома!

zamok3 

8. Најново во издание на Либи – романот „4 пријатели онлајн!“, за модерните машки и женски над 9 години. 🙂

4-prijateli-online-webЕуџенио не е омилена личност во училиштето. Марко е ужасно здодевен. Елизабета е извештачена, од прва категорија. Џанлука е неподнослив мрморко…

Во секојдневната реалност, овие четворица не се поднесуваат. А кога се среќаваат, на училиште или на фудбалското игралиште, прават сè за да се избегнат.

Сепак, има едно место каде што си помагаат и се советуваат. Место на кое, заштитени со анонимноста, се чувствуваат во совршена синхронија. Интернет.

Само кога би знаеле што се крие зад овие прекари…

 

9. Од ноември, дел од Либи е и едицијата „Детски класици“, од која веќе е во продажба прекрасната безвременска приказна „Принцезата и гоблинот“ на Џорџ Мекдоналд, а во подготовка се уште три наслови: „Приказната за Доктор Дулитл“ на Хју Лофтинг, „Морските самовили“ на Лајман Френк Баум и „Токму такви приказни“ на Радјард Киплинг.

Princezata i goblinot mock upПринцезата и гоблинот“ е приказна која е наменета за децата од практично сите возрасти, а по неа е направен и истоимениот анимиран филм.

Принцезата Ирина живее осамен живот во еден замок, во див, непрооден и самотен планински предел.

Еден дождлив и здодевен ден во замокот, кога нејзината дадилка ќе ја остави сама, таа открива стрми, кривулести скали што ги нема видено претходно. Скалите водат до еден чуден лавиринт од ходници, празни соби и заклучени врати и кон нови скали што водат кон највисоките делови од замокот.

Што ќе пронајде принцезата таму? Дали прстенот што ќе го добие како подарко за една мистериозна личност може да ја заштити од страшните гоблини под планината?

Дали можеби нејзиниот нов приајтел Курди, синот на рударот Петар, може да и помогне?

 

Првиот дел од нашиот водич за Либи подароци, наменет за помалите дечиња, можете да го прочитате ТУКА.

 

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s