Најдобрите книги за 2015 година според Гудридс

Наградите според изборот на Гудридс, светски познатата веб-страница наменета за љубители на книги која брои 40 милиони членови се единствените големи награди за книги што се избрани од читателите.

Ова е нивниот избор за најдобрите на годината!

Фикција: Go set a watchman, Harper LeeОди постави стражар, од Харпер Ли

Мошне очекуваниот роман на Харпер Ли за кој сите зборуваат – продолжение на приказните што ги започна во нејзината сакана To kill a mockingbird – Да се убие птицата-подбивница, за која има добиено Пулицерова награда.

12

 

13

Мистерија и трилер: The girl on the train, Paula Hawkins / Девојката од возот, од Паула Хокинс

Дебитантскиот психолошки трилер на Паула Хокинс се одвива околу Рејчел, жена која паднала на самото дно. Таа се вози со редовниот воз за Лондон секој ден, за никој да не дознае дека останала без работа, таа е алкохоличарка која едвај функционира и сè уште се влечка по својот бивш сопруг кој ја изневеруваше. Кога ќе се затекне заплеткана во приказна за една исчезната мештанка, почнува да разоткрива ланец од опасни тајни – но, никој не ѝ верува.

 

 

14

Историска фикција: The nightingale, Kristin Hannah / Славејот, од Кристин Хана

Во Франција, 1939 година, Виени Моријак го испраќа својот сопруг во војна. Кога нацистите го напаѓаат нејзиното село и набргу и нејзината куќа, таа мора да открие како најдобро да живее и да се чува себеси и своето дете надвор од опасности. Во меѓувреме, нејзината млада сестра, од неодамна со скршено срце, доброволно оди во опасност кога се приклучува на Отпорот

 

 

Литература за млади15All the bright places, Jennifer Niven / Сите светли места, од Џенифер Нивен

Теодор Финч и Вајолет Марки се средношколец и средношколка кои навидум немаат ништо заедничко – Финч е депресивен и погрешно разбран одметник; Вајолет е отворена, но потајно измачувана, популарна девојка. Но, кога ќе се најдат во слични очајни ситуации, застанати на врвот од камбанаријата на нивното училиште, ќе се создаде несекојдневно пријателство и ќе порасне во лудо романтично патување.

25

 

Романса: Confess, Colleen Hoover / Признај, од Колин Хувер

Обурн Ридс оди во едно уметничко студио во Далас да бара работа, но завршува заљубувајќи се во уметницата која работи таму. Кога таа ризикува сè за што работела за да биде со него, открива дека неговото тајно минато може да ја загрози нивната иднина.

 

Фантазија за млади & научна фантастика:16 Queen of shadows, Sarah J. Maas / Кралица на сенките, од Сара Џ. Мас

Во четвртата книга од серијалот Трон од стакло, Кралица на сенките, Селејна Сардотен се враќа во империјата да се бори за својот трон.

 

 

26

 

 

Научна фантастика: Golden son, Pierce BrownЗлатниот син, од Пирс Браун

Втората книга од многусаканата трилогија Црвено востание, Златниот син ја содржи приказната за Дароу, трагичниот јунак кој се бунтува против угнетувачите за да го скрши елитистичкото општество и да го ослободи својот народ.

 

27Фантазија: Trigger warning, Neil GaimanПредупредување: Кратки раскази и растроености, од Нил Гајмен

Последната збирка кратки раскази на Гајмен вклучува приказни за паранормалното, за духови и самовили, за мистериозното, за фантастичното и за ужасното – и дури и приказна за Доктор Ху.

 

 

28

 

 

Хорор: Saint odd, Dean KoontzСвети Чуден, од Дин Кунц

Ова е седмата книга во серијалот на Кунц за Чудниот Томас, готвач во снек-бар кој може да зборува со мртвите и кога доаѓа карневал во пустелиското гратче на Чудниот, изгледа дека носи многу зло со себе.

 

Мемоари & автобиографија: A work in progress, Connor Franta / Работа во тек, од Конор Франта

17

Дваесет и две годишниот јутубер, Конор Франта, има див живот – од растење во гратче во Средниот Запад, борејќи со својата телесна слика и сексуалност, до бркање на своите креативни соништа и станување интернет сензација – и тој го истражува сето тоа со хумор и увид во неговите мемоари.

18

Хумор: Why not me?, Mindy Kaling / Зошто не јас? од Минди Калин

Збирката зајадливи и урнебесни есеи на Минди Калинг ги истражува сите лица на тоа да се биде жена во Холивуд – создавање нови пријателства, вљубување, наоѓање задоволство и создавање место за себеси дури и кога се чини дека не треба да биде таму.

 

 

 

21

 

Поезија: The dogs i have kissed, Trista Mateer / Кучињата што ги имам бакнато, од Триста Матер.

Ова е втората збирка поезија на Триста Матер и е исполнета со сета срцепарателна чесност и прекрасна живописност што направија цела нова генерација читатели да се заљубат во неа.

 

 

22Не-фикција: Modern romance, Aziz AnsariМодерна романса, од Азис Ансари

Исфрустриран од своите искуства од состаноците со девојките, Азис Ансари се нурнува во додворувањето, преку интервјуа, анегдоти и научно истражување.

 

 

23

 

Историја & биографија: Dead Wake, Erik Larson / Смртно буден: Последното преминување на Луситанија, од Ерик Ларсон

Ерик Ларсон ја раскажува привлечната и срцепарателната приказна за Луситанија – луксузниот прекуокеански патнички брод што беше нападнат од германска подморница за време на Првата светска војна – и за патниците кои потонаа со него. Тоа е темелен преглед на променливите правила на војната и за опасностите од надменоста и интимно испитување на една од најголемите трагедии на дваесеттиот век.

 

24Наука & технологија: Beneath the surface: Killer whales, seaworld, and the truth beyond blackfish, John Hargrove / Под површината: Китови убијци, Морскиот свет и Вистината зад Црната риба, од Џон Харгрув

Поранешниот тренер на орки (и едниот од ѕвездите во документарецот Црната риба) Џон Харгрув открива каков е животот на орките во заробеништво и зборува за работата што се врши за тоа да се промени.

 

 

29

Графички романи & стрипови: Saga, Volume 4, Brian K. Vaughan, Fiona StaplesСага, Том 4, од Брајан Вонг и Фиона Стејплс

Во оваа приказна во продолженија за младото семејство кое се труди да сфати каде припаѓаат во универзумот, семејството посетува еден страшен нов свет со свои уникатни опасности.

 

 

 

30

Храна & книги за готвење: The pioneer woman cooks: Dinnertime, Ree DrummondПионерката готви: Време за вечера, од Ри Драмонд

Ри Драмонд – водителка на шоуто Пионерка на мрежата за храна – има претходно добиено награда Гудрид и овојпат таа освојува вечера: од здрави салати до утешителни супи, до вкусни касероли и многу повеќе.

 

31

 

 

Литература за деца: The sword of summer, Rick RiordanМечот на летото, од Рик Риордан

Рик Риордан е еден од омилените на Гудрид поради неговите неовоземски авантури и Мечот на летото ја започнува сагата на Магнус Чејс: детете сираче кое се труди да преживее на бостонските улици, сè до денот кога еден мистериозен човек му кажува дека тој е всушност син на еден норски бог.

 

32Сликовници: The day the cryons came home, Drew Daywalt, Oliver JeffersДенот кога мрсните боички се вратија дома, од Дру Дејволт и Оливер Џеферс

Оваа имагинативна приказна за изгубените мрсни боички што се трудат да го пронајдат патот кон своето кутивче – и за сите несреќи што ги оддалечија – ги освои срцата на децата ширум државата.

Advertisements