Во најава е екранизација на „Нека снежи“

Продукциската куќа „Јуниверзал“ ја најави екранизацијата на книгата „Нека снежи“ за 9 декември 2016 година.

Филмот ќе биде базиран на збирката од три љубовни зимски раскази од триото најпродавани автори на денешницата, Џон Грин, Морин Џонсон и Лорин Миракл.

Оваа трогателна, смешна книга, исполнета со празнична магија, е достапна на македонски јазик во издание на издавачката куќа „Арс Либрис“.

Најстрашната виулица во последните педесет години

Три зимски љубовни приказни

Една волшебна вечер

let-it-snowБожиќ е и Грејстаун е затрупан со снег. Но, времето е повеќе отколку само мала незгода. Кога една девојка неочекувано ќе слезе од еден завеан воз, таа предизвикува цела низа настани што засекогаш ќе променат неколку животи.

Наскоро – четиринаесет загреани мажоретки ќе го преплават локалниот „Вафл Хаус“, филмската вечер на Дјук ќе биде грубо прекината заради една Твистер-мисија, а една вљубена шанкерка ќе одлучи за судбината на едно прасенце…

На крстопатот на трите приказни, првпат ќе се сретнат неколку туѓинци. И во центарот на снежниот Грејстаун – ќе расцути романсата! Исто како и во вашето топло, празнично срце.

Еднаш кога ќе помислите нешто, неверојатно е тешко да го одмислите. “― Џон Грин, Нека снежи

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s