Либи подароци за децата од сите возрасти (1)

Се ближи најубавиот период во годината, а нашите најмили палавковци, како што е ред, си очекуваат подароци. 🙂

Повеќето родители ги следат упатствата за здрава исхрана на децата, па се повеќе се трудат да ги заобиколат класичните пакетчиња полни со чоколади и бонбони и да најдат подобар подарок кој ќе биде покорисен и ќе трае малку подолго. 🙂

А што е подобар подарок од книга? Книгите имаат повеќе намени: да насмеат, да подучат, да разбудат различни емоции кај детето и да создадат емпатија, да го замислат, да му помогнат да совлада нови предизвици и да научи нови работи, да го забавуваат и да помогнат во развивање на неговите логички и креативни капацитети.

Либи, нашиот најмал и најсакан бренд за детска литература е збогатен со многу нови наслови за децата од сите возрасти, а ова е прв  нашиот мал водич кој може да помогне во изборот на најсоодветниот подарок за претстојните празници.

 

Боенки и сликовници за најмалите читатели

1. Сликовници и боенки „Пчеличката Маја“, за најпознатата  пчеличка на светот. 🙂

Маја е весела малечка пчела која многу ја сака слободата и затоа живее во ливадата. Маја често влегува во возбудливи авантури заедно со нејзиниот најдобар другар Вили. Ах, Вили! Тој е многу мрзлив и обожува храна! Но, тој е најдобриот пријател на светот.

А тука се и другите жители на ливадата: скакулецот Флип, бумбарите Бен и Курт, полжавот Шелби, црвот Макс, мувата Бери, пеперугата Беатрис, бубамарата Лара…

final post3

 

2. Боенки со налепници во боја, шест наслови во оваа серија: Превозни средства, Играчки, Бубачки, Овошје и зеленчук, Домашни животни, Диви животни.

Boenki-FB-najmali

 

Боенки и сликовници за палавковците од предучилишна и рана училишна возраст

3. „Авантурите на Дина и Додо“ се серија сликовници со омилените ликови Дина и Додо, братче и сестриче кои, како и сите деца, многу сакаат авантури. И тоа какви авантури!

dinadodo1dvajca-dedo-mrazovci-webСо овие најнови апсолутно пресмешни сликовници во издание на Либи, не само што читаме приказна, туку и решаваме загатки, учиме нови работи, мноооогу се смееме на глас, но и… раскажуваме своја приказна!

Секоја од приказните може да има различен крај! Како? Останува на нашите мили мали палавковци (оние слични на Дина и Додо) самите да го раскажат!

А потоа? Потоа испратете ја приказната на dinaidodo@arslamina.com и можете да добиете подарок-книга. 🙂

Плус, само што излезено од печат, најновото специјално новогодишно издание од „Авантурите на Дина и Додо“ – „Двајца Дедо Мразовци“.

 

 

4. Забавноедукативни боенки, наменети за развој на моторичките вештини кај децата, за јакнење на концентрацијата и за поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност: Принцези, Диносауруси, Чудовиштата од планетата Зорг, Зошто доцни Дедо Мраз, Необичните колички, Птици на жица 1, Птици на жица 2, Слонко и пријателите.

boenki 2

 

meden-gotvac-web5. „Меден готвач“ со омилените рецепти на Пчеличката Маја. Овој готвач претставува збирка на превкусни рецепти за секакви десерти со мед, преку кои малите медени готвачи ќе научат да готват – секако, со помош од некој повозрасен. 🙂

Дечињата ќе можат да ја употребат и својата фантазија и креативност и да запишат свои рецепти, или пак да ги изменат рецептите кои се дел од овој готвач. А за најкреативните готвачи кои ќе предложат свој рецепт со мед – следи изненадување!

 

 

neverojatni-fakti-web6. Одлична едукативна сликовница од серијалот „Пчеличката Маја“ – „Дали сте знаеле дека… неверојатни факти за пчелите, бубачките и природата“.

  • Пчелите го користат сонцето и други обележја на земјата за ориентација.
  • Скакулците имаат уши на своите стомачиња.
  • Бубамарите можат и да се преправаат дека се мртви.
  • Свилата на пајаците е толку силна што се споредува со челик.

… и уште многу други неверојатни факти…

 

spomenar-web7. Споменар „Пчеличката Маја“, со кој дечињата ќе откријат нешто ново за своите другарчиња и ќе ги запознаат подобро… и сите заедно многу ќе се забавуваат. 🙂

Advertisements

One thought on “Либи подароци за децата од сите возрасти (1)

  1. Пингување: Либи подароци за децата од сите возрасти (2) | Literatura.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s