„Книга за телото“ од Камерон Дијаз

Во „Книга за телото“, број еден бестселер на Њујорк Тајмс, Камерон Дијаз ја споделува сопствената формула како да се биде поздрава, посилна и посреќна личност. Ги презентира пристапот и филозофијата за долг, здрав и среќен живот, поддржани од многубројни научни истражувања на светските експерти, а пренесени на нејзин личен јазик, стил и страст.

imgo11

Актерката служи како пример за милиони жени ширум светот. Но, како што самата признава, таа не била отсекогаш посветена на здравјето како што е сега.

„Јадев сè, а не вежбав толку многу за да го врамнотежам внесувањето храна. Не водев сметка за себеси. Моето тело сега изгледа различно отколку пред две недели. Нема да се казнам себеси заради тоа“, вели таа.

Како млада девојка не размислува секогаш за тоа дека одлуките што ги носи за својата исхрана и својот начин на живот ќе влијаат на нејзиното здравје во годините што доаѓаат. Но, во изминатите 15 години, таа открива дека она што го јаде секогаш е поврзано со тоа како се чувствува и како изгледа. Тоа сознание – дека исхраната влијае на животот – ја натера да истражува и да дознае кој е најдобриот начин на исхрана, физичка активност и грижа за нејзиното тело.

„Го јадев тоа што сакав да го јадам. Не се воздржував себеси од оние нешта кои ме правеа среќна. Јадев на тој начин со моето семејство и пријателите. Јадам свинско печено за Божиќ, а утредента такоси. Ја јадам кожата од свињата, салото од свињата и салото од говедското.“

Таа сфаќа дека не сите ја имаат нејзината „благословена група гени“, но можете „да го сакате своето прекрасно тело. Да го знаете тоа тело. Единствениот начин да го знаете тоа тело е правилно да водите грижа за него. Ако јадете преработена храна и не ги примате сите потребни хранливи состојки, не вежбате правилно, тогаш вие не живеете во телото кое ви е одредено да живеете“.

Дијаз би сакала жените „да престанат да ги мразат своите тела, да ги разберат своите тела, да водат грижа за своите тела и онаа енергија што би ја упатувале кон себеси на негативен начин да ја насочат кон светот на позитивен начин“.

Таа помина низ своја сопствена трансформација. Таа порасна како зависник од брза храна, конзумираше хамбургери, помфрит, кромидови прстени, газирани пијалаци и бурита со грав. „Ако вие сте тоа што го јадете, тогаш јас бев бурито со грав, со екстра кашкавал и екстра сос, без кромид“, пишува таа во книгата.

Јадењето брза храна беше навика, вели таа. „Не мислев дека треба да го променам начинот на кој јадев бидејќи сите ми велеа, ’Многу си слаба. Можеш да јадеш што сакаш.‘ Но, јас се чувствував болно во своето тело.“

Таа вели дека лошите навики во исхраната довеле до проблеми со акните. Откако почнала да јаде поздрава храна, кожата ѝ се исчистила.

Тајната е во тоа да внимавате во најголемиот дел од времето да јадете здрава храна, но и да си дозволите малку задоволство, вели таа. Таа одвреме-навреме јаде „чизбургер од место каде што чувствува дека состојките се со добар квалитет“ и ако добие нагон „за бурито со грав и со екстра кашкавал и екстра сос“, тогаш таа си купува такво и не се казнува поради тоа.

За оние луѓе кои треба да направат многу прилагодувања во нивните навики околу јадењето, Дијаз им препорачува да прават постепени и постојани промени. „Ако пиете пет чаши сок на ден, пијте две и согледајте ја разликата. Целосно прекинете да ги пиете и согледајте ја разликата. Заменете ги со вода и навистина ќе согледате разлика.“

Што се однесува до вежбањето, Дијаз беше физички активна како дете во средното училиште, но многу малку вежбаше на почетокот од нејзините дваесетти години. Нејзиното тело се трансформираше од „дрта рамка“ во „силно и моќно тело“ кога имаше 27 години и тренираше за улогата во филмот Чарлиевите ангели.

„Се чувствував прекрасно. Го гледав своето тело како се трансформира во текот на една недела интензивен тренинг – некои денови правев од 1.500 до 2.000 стомачни на ден. Стомачни, стомачни, стомачни, цели осум часа. Наеднаш добив шест плочки на стомакот. Беше болно. Никому не му препорачувам така да си го напрега телото. Тоа беше напорен физички предизвик. Но, тоа ме пробуди во моето тело и ми даде до знаење за што сум способна.“ Дел од мотивацијата да се хранам здраво и редовно да вежбам е што однапред мислам на „мојата долговечност“, вели таа. „Сакам да бидам сигурна дека нема да се разболам. Ако сум благословена да остарам, сакам да бидам сигурна дека ќе си го задржам квалитетот на животот.“

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.