Во рамките на одбележувањето на месецот на книгата, Јавната општинска установа библиотека „Искра“ – Кочани го организира традиционалниот есенски продажен „10. Саем на книгата – Кочани 2015“, како понуда на најнови наслови на книги од повеќе издавачки куќи до љубителите на пишуваниот збор во општината Кочани.
Издавачката куќа „Арс Ламина“, со своите импринти „Арс Либрис“ и „Либи“, оваа година учествува на саемот со свој штанд на кој посетителите ќе бидат во можност да најдат добро познати наслови од белетристика и детска литература.