За некои работи вреди да се бориш…
Една случка го урива светот на 19-годишната Ејвори Морганстен и таа бега од фамилијата, од нејзиното минато и најпосле од себеси. Таа се надева дека работите ќе останат такви какви што се, но судбината – и неверојатно згодниот синоок Камерон – не мислат така. Наеднаш, Камерон е насекаде околу неа. Ејвори е претпазлива, но на упорниот и шармантен Камерон не му треба многу за да ѝ влезе под кожа.
Сексуалната привлечност помеѓу Ејвори и Камерон е темпирана бомба полна со страсти. Но, заканувачките пораки и телефонските повици повторно ја соочуваат со минатото што таа толку сака да го заборави. Кога застрашувачката вистина ќе го покаже своето грдо лице дали Камерон ќе биде таму за неа или, пак, и тој ќе биде повлечен надолу?
„Сакам да бидам тука со тебе, Ејвори. Ти не мораш да се грижиш да ме импресионираш или да ме восхитиш. Веќе го стори тоа.“ – Џ. Лин, Те чекам
Џенифер Л. Арментраут, број еден автор според „Њујорк тајмс“, живее во Западна Вирџинија, САД. Таа во слободното време чита, гледа „евтини“ зомби-хорор филмови, се преправа дека пишува, се дружи со сопругот и се брка со нејзниот териер Локи. Нејзиниот сон да стане познат писател почна со часовите по алгебра, на кои таа пишуваше кратки приказни… што ги објаснуваат очајните оценки по математика. Таа пишува литература за млади, научна фантастика, фантазија и современи романси. Исто така, пишува и современи њу-ејџ романи за возрасни и паранормални љубовни приказни под псеводнимот Џ. Лин. Те чекам во 2014 година беше номиниран за наградата Најдобар роман за млади од YALSA, а сè уште е еден од најчитаните романи на листите од светски познатата веб-страница наменета за љубители на книги, goodreads.com која брои 40 милиони членови. Минатата година беше и најпродаван љубовен роман за млади според најголемата интернет продавница во светот amazon.com.
Книгата е достапна на македонски јазик.
Во подготовка е второто продолжение, „Биди со мене”.