Награда од 200.000 денари за најдобри илустрации на четири „Бајки од Македонија“

Почнува новиот конкурс за млади дизајнери-илустратори на Движењето „Браво сине“ во соработка со Арс Ламина

По минатогодишниот успешен проект „Слатко со идентитет“ за визуелно брендирање на слатко произведено во Македонија, при што победници на конкурсот беа двајца дотогаш неафирмирани млади креативци, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ во соработка со Арс Ламина, распишува нов конкурс за млади дизајнери – илустратори, овојпат за креативна илустрација на четири избрани и јазично преработени бајки од народното творештво, под наслов „Бајки од Македонија“.

IMG_3278Младите креативци треба да бидат на возраст до 35 години и државјани на Република Македонија, а оригиналните илустраторски решенија треба да ги испратат на интернет адресата ivo.laurencic@bravosine.mk најдоцна до 15. декември 2015 година. Конкурсот е анонимен до првата селекција, по што најдобрите автори ќе да бидат повикани лично да го презентираат креативниот пристап.

Нашиот основен мотив годинава е јавниот интерес за приближување на народното творештво кон децата од предучилишна возраст и афирмација на националните вредности во услови на глобализација. Убедени сме дека за младите креативци ќе го препознаат предизвикот, па и годинава во голем број ќе пријават свои трудови. Ние веруваме во креативниот потенцијал на младите во Македонија и токму затоа го поддржуваме“, изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.

Наградниот фонд за најдобрите и годинава изнесува 200.000 денари, обезбедени од Движењето „Браво сине“. Пристигнатите решенија за илустрација на бајките ќе ги оценуваат претставници на Управниот одбор на Движењето, на издавачката куќа-партнер Арс Ламина и претставници на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.

Формалните информации и пропозициите, како и 4-те избрани бајки, адаптирани за предучилишна возраст, може да се преземат на www.bravosine.mk .

Со реализација на проектот „Бајки од Македонија“, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ се обидува да даде свој придонес во приближување на македонското народно творештво до најмладите и поголема популаризација и реафирмација на традиционалните вредности. Основна мисија на Движењето „Браво сине“ е поддршка на креативноста кај младите во функција на брендирање и креативна визуализација на автентични национални вредности.

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија – Иво Лауренчиќ. Во активностите на движењето се вклучија голем број претставници на јавниот живот, бизнисмени, уметници, членови на академска заедница, како и луѓе од креативната индустрија од земјава и од целиот регион.

Повеќе информации и пропозиции: Отворен повик за илустратори-дизајнери

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s