За најмалите читатели – супер изненадување од Либи: серијал книги „Пчеличката Маја“!
Маја е весела малечка пчела која многу ја сака слободата и затоа живее во ливадата. Маја често влегува во возбудливи авантури заедно со нејзиниот најдобар другар Вили. Ах, Вили! Тој е многу мрзлив и обожува храна! Но, тој е најдобриот пријател на светот.
А тука се и другите жители на ливадата: скакулецот Флип, бумбарите Бен и Курт, полжавот Шелби, црвот Макс, мувата Бери, пеперугата Беатрис, бубамарата Лара…
Ајде да читаме, да пишуваме и да се забавуваме со Пчеличката Маја:
- сликовници
- боенки
- цртанки
- боенки со налепници
- книги со активности
Серијал сликовници „Добре дојде на ливадата“, „Пази се од мечката!“, „Лажната оса“ и „Каде е мама?“.
„Мојата прва боенка“ и „Мојата прва цртанка“
Боенки со налепници: „Еден ден крај езерцето“ и „Маја и пријателите“
Книги со активности:
- „Весела пишуванка: ги учиме буквите и зборовите од светот на пчеличката Маја“
- „Весела броенка: броиме, пишуваме, боиме и цртаме“
- „Весела вежбанка: учиме бои и форми“
- „Книга со активности : боиме, цртаме, играме и решаваме“