Арс Либрис дел од фестивалот Skopje Cinema City


david-bowie-Фестивалот на музички документирани филмови – Skopje Cinema City се организира прв пат оваа година под мотото „Филмови, музика и вино“, како дел од манифестацијата „Скопско лето 2015“ во соработка со Дирекцијата за култура и уметност – Скопје. Во текот на петте фестивалски денови, од 1-5 јули 2015, во просторот на Сули Ан (Факултетот за ликовни уметности) во Старата скопска чаршија, ќе бидат прикажани 13 музички документарни филмови од домашна и од странска продукција, кои на авторски својствен начин ја обработуваат темата на музиката: биографски, промотивни, но и филмови со силна социјална тематика. Фестивалот ќе биде свечено отворен со ексклузивна изложба на фотографии со Дејвид Боуви, во присуство на авторот, британскиот фотограф Брајан Рашиќ. Изложбата, поддржана од Министерството за култура на РМ, ќе презентира селекција на концертни фотографии, почнувајќи од турнејата на Боуви од 1983 насловена “Serious Moonlight”, преку “Tin Machine”, па сѐ до последните турнеи од 2002 и 2006, пред неговото повлекување од сцена. Следејќи го фестивалскиот концепт за приближување на македонската со европските и светските музички и филмски култури, фестивалот секоја година ќе има различна земја-партнер. Годинава тоа е Германија и со поддршка на Германската амбасада, во Скопје пристигнува и режисерот Ули Шупел, авторот на “Nick Cave – The Road to God Knows Where” (Ник Кејв – Патот до Господ знае каде). Македонските документарни филмови имаат свое рамноправно место во програмата на Skopje Cinema City. Меѓу нив се „Јас сум андерграунд“ – филм посветен на бендот Шутка рома рап, „Денот да е радосен“ за Културно Уметнички Работници, како и премиерата на филмот „Уметници за жици“ за изработувачите на инструменти од чаршијата, семејството Гиевски. Покрај филмската програма, во рамки на фестивалот на 2, 3 и 4 јули во кафе-барот „Менада“ ќе бидат организирани и работилници, предавања и мастер-часови поврзани со филмската музика, музичката продукција и културниот менаџмент. Репризи на дел од филмовите ќе се прикажуваат во Кинотека на Македонија и во кафе-барот „Менада“. Секоја фестивалска вечер ќе биде заокружена со музички настани во „Менада“. Посетителите на фестивалот ќе имааат можност да се запознаат со изданијата на Арс Либрис како биографијата на „,Мулату Астатке”,  „Како ја изгубив невиностa” од Ричард Бренсон и голем број на книги по кој се снимени светски познати филмови.

programa

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s