Најпродаваните наслови на Саемот на книгата 2015

Што беше апсолутен хит на саемот на книгата, кои беа најпродаваните „машки“, „женски“, детски, тинејџерски книги, што е најпродавано во одредени жанрови… Еве ја нашата листа на најпродавани книги, па можеби ќе пронајдете нешто што сè уште не е дел од Вашата библиотека, а е токму за вас :).

top 10

Најпродавани наслови – белетристика:

1. Апсолутен хит од сите изданија на Арс Либрис на Саемот на книгата беше „Доктор Сон“ на Стивен Кинг, долго очекуваното продолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“.

dr sleep1

Хотелот „Видиковец“ беше местото каде што неговата момчешка дарба за „сјаење“ ја отвори вратата кон пеколот. Ден Торенс денес е возрасен човек, но духовите од „Видиковец“ – и алкохолизмот и насилството наследени од татко му – го влечеа со години. Сега, помогнат од заедницата на Анонимните алкохоличари во Њу Хемпшир, Ден им го ублажува умирањето на лицата во еден дом за стари и изнемоштени лица, каде што го нарекуваат „Доктор Сон“.

Воедно, Стивен Кинг беше и најпродаваниот автор на Арс Либрис за овој саем :).

 

2. „Јас сум Малала“, автобиографијата на Малала Јусафсај, девојката која што се бореше за образование и беше застрелана од талибанците и најмладиот добитник на Нобеловата награда за мир.

malala1

Кога талибанците ја зазедоа долината Сват, една девојка крена глас. Малала Јусафсај одби да биде замолчена и се бореше за нејзиното право на образование.

На 9 октомври, вторник, 2012 година, кога таа имаше 15 години, за малку ќе платеше со живот за тоа. Беше застрелана во главата, од непосредна близина, враќајќи се од училиште кон дома со автобус и малкумина очекуваа да преживее.

Но, нејзиното чудесно закрепнување ја одведе на едно прекрасно патување, од далечната долина во северен Пакистан до големите сали на Обединетите нации во Њујорк. На шеснаесетгодишна возраст, таа стана глобален симбол за мирен протест и најмладо номинирано лице за Нобеловата награда за мир.

„Јас сум Малала“ е извонредна приказна за едно семејство, оттргнато од своето огниште од страна на глобалниот тероризам, за борбата за образование на девојките, за татко кој, и самиот сопственик на училиште, ја поддржувал и ја охрабрувал ќерка си да пишува и да оди на училиште и за смели родители, кои негуваат силна љубов кон својата ќерка во едно општество што повеќе ги цени синовите.

„Јас сум Малала“ ќе ве натера да верувате во моќта на гласот на една личност за поттикнување промена на светско ниво.

 

3. „ДА! 50 Тајни на науката на убедувањето“ е трет најпродаван наслов на нашата топ листа :).

da

Кој дел од канцеларискиот материјал може да го зголеми вашето влијание? Кој еден единствен збор ќе ја зголеми вашата убедливост? Како можете да станете џедај-мајстор на социјалното влијание? Која е активната состојка на трајниот успех?

Зошто некој би одбрал „мерцедес“, а е вљубен во „БМВ“?

Сигурно би сакале вашите колеги повеќе да се согласуваат со вас, вашите деца да си ја пишуваат домашната и соседите да престанат да расфрлаат ѓубре наоколу.

 

4. Во „Книга за телото“, Камерон Дијаз ја споделува сопствената формула како да се биде поздрава, посилна и посреќна личност.

body book 1

Како млада девојка, Камерон не размислувала секогаш за тоа дека одлуките што ги носи за својата исхрана и својот начин на живот ќе влијаат на нејзиното здравје во годините што доаѓаат. Но, во изминатите 15 години, таа открива дека она што го јаде секогаш е поврзано со тоа како се чувствува и како изгледа. Тоа сознание – дека исхраната влијае на животот – ја натера да истражува и да дознае кој е најдобриот начин на исхрана, физичка активност и грижа за нејзиното тело.

Во ова нејзино авторско дело, таа ги презентира пристапот и филозофијата за долг, здрав и среќен живот, поддржани од бројни научни истражувања на светски експерти, а пренесени на нејзин личен јазик, стил и страст.

„Книга за телото“ на Камерон Дијаз претставува моќен, едукативен и инспиративен прирачник за секоја жена.

 

5. „Мојата автобиографија“ е инспиративната приказна на, според многумина, најголемиот менаџер на сите времиња, Алекс Фергусон.

fergusonПреглед на неговите скромни почетоци, неколкуте „мрачни години“ без титула на клупата на Јунајтед, дострелите на Генерацијата ’92 предводена од Гигс, Сколс, Невил, Бат и Бекам, потпишувањето со Кристијано Роналдо и Вејн Руни, ривалството со Венгер и Бенитез, обостраната почит со Жозе Мурињо – сè до возбудливиот проштален натпревар со Вест Бромвич на крајот од минатата сезона.

 

6. Тинејџерските бестселери „Делириум“ и „Пандемониум“ на Лорен Оливер сосема заслужено се најдоа на топ листата на најпродавани книги на овој саем.

Delirium

Моќниот дистописки роман на Лорен Оливер – „Делириум“ (првиот дел од трилогијата „Делириум“) претставува свет страшен како Орвеловата „1984“ и една забранета романса споредлива со онаа на Ромео и Јулија. „Делириум“ е најпродавана книга според „Њујорк тајмс“ и еден од стоте најдобри тинејџерски романи на сите времиња според Народната библиотека во Чикаго.

Влезете во светот каде што љубовта е забранета и прогласена за опасна болест – делириум, а владата на САД ги присилува сите што ќе наполнат 18 години да бидат подложени на интервенцијата. Лена Халовеј живее во ваквото сигурно и диригирано општество, со нетрпение очекувајќи го денот кога ќе биде излекувана и безбедна од делириумот што го уништи животот на нејзината мајка.

Но, 95 дена пред нејзиниот 18-ти роденден Лена го запознава Алекс, самоуверено и мистериозно момче кое доаѓа од Дивината и го претставува сето она од кое Лена досега стравувала… а од друга страна, секогаш кога ќе го сретне, нејзиното срце затреперува. Што ќе се случи ако таа се вљуби во него?

Во „Пандемониум“, вториот дел од оваа трилогија, Лорен Оливер ја става Лена пред сосема нови предизвици и во многу опасности. Новата Лена е Невалидна – таа е дел од Дивината и движењето на отпорот, но е и многу посилна, поодлучна и посигурна во себе… Овој брилијантен роман е полн со електрицитет, забранета љубов, силен отпор против „зомбијата“ од другата страна на оградата, а и најава за првите зачетоци на револуцијата…

 

7. „Уличниот мачор Боб“ на Џејмс Бовен е една од најпродаваните книги на листата на Њујорк тајмс.

bob1

Џејмс е уличен музичар со проблематично минато што одвај врзува крај со крај. Боб е слаб и болникав уличен мачор во потрага по топло место за спиење.

Кога една депресивна мартовска вечер во Лондон, првиот случајно ќе го сретне вториот, малкумина би можеле да претпостават дека шест-седум години подоцна, нивното незаборавно пријателство ќе стане предмет на една романескна исповед веќе преведена на барем шеесет и два јазици, обожаван бестселер на Њујорк тајмс, редовен дел од листата на најпродавани книги во Англија педесет и две последователни седмици.

Сентиментален и трогателен, но никогаш мелодрамски и лажен, „Уличниот мачор Боб“ е приказна за вторите шанси и истрајноста пред најтешките предизвици, сведоштво за невидливите и трајни придобивки од искрената грижа за некое друго суштество, реален и многу жив споменик за моќта на љубовта πто може да постои меѓу човек и животно.

Токму онаа што сопствениците на миленичиња веќе многу добро ја познаваат.

 

8. „Напред: Како Старбакс се бореше за неговиот живот без да ја изгуби својата душа“ на Хауард Шулц е една од најважните книги за лидерство и за промената на нашето време, и за секоја генерација на лидери.

napred starbucks copy

На 26 февруари 2008 година, муштериите од 7.100 продавници на Старбакс во Соединетите Држави беа замолени да си заминат. Во следните три часа секој барист во секој Старбакс беше повторно воведен во уметноста на подготвување совршено еспресо. Настанот беше без преседан, но докажуваше само колку сè попоразителни стануваат работите во компанијата која не смееше да си дозволи уште една грешка.

Втората најтешка работа во бизнисот е да се изгради успешно претпријатие –најтешката е да се менаџираат пресвртите, а сепак да се остане достоен на базичната култура и на вредностите на организацијата. Ова е класичен пример како може да се направи тоа.

 

9. „Кристијано Роналдо: Опсесија за совршенство“ на Лука Кајоли е досега најкомплетната биографија за фудбалската супер-ѕвезда. За прв пат објавена пред две години, во ова последно издание, таа е темелно надградена со сите информации заклучно со минатата година, а ги содржи и најбитни новини за тековната, штотуку завршена 2013-2014 сезона.

ronaldo

Роден е пред 29 години во мало португалско гратче, во семејство на обична готвачка и општински градинар, а денес важи за едно од најпрепознатливите лица на планетата. Независно дали од љубов или омраза, од восхит или од интерес, – веќе цела деценија, глобалните медиуми го следат секој чекор на Кристијано Роналдо.

Па, сепак, деталната истрага на Лука Кајоли ќе ве убеди дека има толку многу нешта што сè уште не сте ги откриле за него. На пример, дали сте знаеле дека Кристијано го добил своето второ име бидејќи татко му бил обожавател на претседателот на САД, Роналд Реган? Или дека на првиот училиштен час во Лисабон му се заканувал со столица на професорот? Или дека имал срцеви проблеми и на 15 години за малку ќе престанел да игра фудбал? Или дека по трансферот од Спортинг на Островот, не сакал да го носи бројот 7? Дека е стрелец на илјадиттиот гол на Манчестер јунајтед во Премиер лигата? А уште не сме почнале…

 

10. „Белграѓанки“ на Игор Маројевиќ претставува сплет од приказни во кои на читателите им се претставуваат поинакви девојки, жени, пријателки, мајки и љубовници. Сите тие заедно како белграѓанки, но и секоја за себе, ни откриваат чудни ликови од велеградското милје, какво што, на прв поглед можеби не забележуваме.

Belgragjanki mokap

Романтична теоретичарка на филмот, која со бракоразводната парница го спасува бракот, сопственичка на мала галерија којашто преку Твитер почнува љубовна врска со сликарот чиишто дела ги продава, девојка којашто од Белград емигрирала во Минхен, а оттаму на интернет, најдобрите другарки во коишто невините игри од Фејсбук будат неочекувани пориви, жена која ни по бројните разочарувања во мажите не ја губи вербата во љубовта… – сето тоа се белграѓанките на Маројевиќ, необичните жени во различни животни ситуации.

„Како извонреден познавач на женскиот карактер, Маројевиќ своите белграѓанки ги претставува преку повеќе минуциозно испишани женски портрети. И секоја од жените, чијашто приказна во оваа книга е раскажана речиси сликарски прецизно, е град за себе. Осум белграѓанки, на раскажувачот на оваа книга му ги раскажале своите животни стории, а тој го задржал нивниот глас, пренесувајќи им ги тие приказни на читателите во форма на исповеди кои во исто време и ќе ве насмеат, расплачат, ќе ве натераат да се замислите и на завршницата, во финалето на секоја од приказните, ќе ви подарат зрнце мудрост.“ – Дејан Стојиљковиќ

 

Најпродавани наслови – детска литература:

 

1. Од изданијата на детскиот бренд Либи, најголем саемски хит е серијалот романи за деца „Мачки-детективи“ на Алесандро Гати: „Кој го грабна кралот на шпоретите?“, „Крадец… отмен мачор“ и „Кој го намести Жан Мусташ?“.

macki

Тие се најспособните детективи во Париз. Четири, со шепи, опаш и мачешка… интуиција!

Мистер Мунлајт е шеф на мачките детективи. Тој е препреден и авантурист со неверојатна интуиција. Жозефин е елегантна и софистицирана, а во неа се вљубуваат сите мачори од Париз. Понпон е најмалиот во групата. Тврдоглав и трапав, секогаш прави многу незгоди. Додо Марсеецот е ќелав скитник и итрец што ги познава сите тајни на подземјето.

 

2. Серијалот сликовници „Авантурите на Дина и Додо“ е втор најпродаван серијал на овогодинешниот Саем на книгата.

dinadodo1

Дина и Додо се братче и сестриче кои, како и сите деца, многу сакаат авантури. И тоа какви авантури!

Со овие најнови апсолутно пресмешни сликовници во издание на Либи, не само што читаме приказна, туку и решаваме загатки, учиме нови работи, мноооогу се смееме на глас, но и… раскажуваме своја приказна!

Секоја од приказните може да има различен крај! Како? Останува на нашите мили мали палавковци (оние слични на Дина и Додо) самите да го раскажат!

А потоа? Потоа испратете ја приказната на dinaidodo@arslamina.com и можете да добиете подарок-книга. 🙂

 

3. Серијалот романи за деца „Замокот на стравот“ е уште еден апсолутен хит за младите читатели. Препорачан за деца над десет години, „Замокот на стравот“ е истовремено и страшен и смешен и многу возбудлив :).

zamok3

Мои драги и баксузни пријатели, почнете веднаш да се тресете, бидејќи во Замокот на стравот треперењето си е како дома!

 

4. Серијалот сликовници „Пчеличката Маја“ за помалечките дечиња, омилен кај сите генерации, секако се најде на нашата топ листа на најпродавани детски изданија: „Добре дојде на ливадата“, „Пази се од мечката!“, „Лажната оса“ и „Каде е мама?“.

final post3

 

5. „Што сонуваше Дедо Мраз“ на Билјана С. Црвенковска, нашиот прв роман за деца од домашен автор, очигледно не се чита само околу Нова година :).

Dedo Mraz mock up 2

Се ближи Нова година, но нешто необично се случува. Во сандачето на Дедо Мраз пристигнаа едвај неколку писма. Поштарот доаѓа ретко, а и на имејл се појави само една порака.

Само една?!

Да, само една, и тоа крајно вознемирувачка.

„Скандалозно!“ ќе извика Дедо Мраз, откако ќе ја прочита пораката.

А потоа следува една волшебна, и смешна и тажна, и возбудлива и опасна, авантура, што ќе го одведе Дедо Мраз во Земјата на соништата, а џуџињата Лутко, Буцко и Спанко ќе пропатуваат половина Земјина топка и назад… и сето тоа во само една единствена ноќ!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s