Мои драги и баксузни пријатели, почнете веднаш да се тресете, бидејќи во Замокот на стравот треперењето си е како дома!
Првите три книги од познатиот серијал детски романи „Замокот на стравот“ на Гвидо Згардоли во издание на нашиот детски бренд Либи, веќе се хит на Саемот на книгата :).
Сузи и Петар мораат да признаат: куќата во која се преселија е навистина неверојатна, нивната соба е огромна, а градината е прекрасна! Но, уште веднаш, од таванот доаѓаат чудни звуци… Дали е ветрот што ни за миг не престанува да дува? Или можеби некое животно? Една ноќ, братот и сестрата ги буди трескот. Кога ги отворија очите, открија дека на таванот над нив се појавил отвор. Чудно! Не се сеќаваа дека го видоа претходната вечер…
2. ОПАСНА ИГРА
Матје игра криенка со неговите пријатели и е решен да не го најдат. Поради ова, оди сè до старата остава за бротчиња, веќе надвор од употреба. Во еден миг слуша глас што го повикува. Едно момче му дава знак да влезе. Но, она што изгледа совршено скривалиште всушност е смртна стапица. И кога Матје сфаќа дека вратата е затворена со голем синџир, веќе е предоцна…
Никој не е похрабар од браќата Џејсон коишто се осмелуваат дури и да се обложат во тоа: ќе поминат една ноќ во напуштената куќа на крајот на градот. Внат ре во куќата, под една кристална топка, наоѓаат мумифицирана рака со долги црни нокти… Набрзо, Бери и Линдон ја откриваат страшната вистина: раката е жива! Брза е како пајак, се искачува, скока и изгледа како да има само една мисија: да ги елиминира двајцата браќа.