Арс Ламина и Literatura.mk на Саемот на книгата 2015

 saem baner

Над 300 нови наслови, големи саемски намалувања, промоции и средби со реномирани автори, креативни работилници, проекции, конкурс за краток хумористичен расказ, многу настани и забава, награди и подароци – ова е само дел од она што годинава Арс Ламина публикации ќе го понуди на својот штанд на Саемот на книгата.

Љубителите на добрата книга знаат дека на штандот на Арс Ламина и овој пат ќе ги можат да ги најдат некои од најновите светски бестселери и биографии. На годинашниот саем, Арс Либрис ќе ги претстави и најновите наслови: „Јас сум Малала“, од 17-годишната Малала Јусафсај, девојката којашто се бореше за образование и беше застрелана од талибанците, воедно најмладиот добитник на Нобелова награда за мир; „Д-р Сон“, долгоочекуваното продолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“ од мајсторот на хоророт и раскажувањето, Стивен Кинг; „Книга за телото“ на филмската ѕвезда Камерон Дијаз – моќен и инспиративен прирачник за секоја жена; „Девојката што го спаси кралот на Шведска“, нов, урнебесно смешен и заводлив роман на Јонас Јонасон, авторот на бестселерот „Стогодишникот кој скокна низ прозорецот и исчезна“; романот „PR“ на Александар Илиќ, виртуелна љубовна приказна во една елитна белградска PR-агенција; и многу други.

Наши специјални гости на саемот ќе бидат српските писатели Игор Маројевиќ, автор на романот „Белграѓанки“, кој неодамна беше објавен на македонски во издание на Арс Либрис, дел од Арс Ламина публикации, како и младиот, а веќе многу успешен, писател Александар Илиќ, автор на романот „PR“, кој ќе биде промовиран токму на годинашниот саем.


Во поглед на стручната литература. Арс Ламина веќе има изградено портфолио од над 700 стручни наслови од најразлични области, од право и економија, архитектура и градежништво, до медицина, земјоделство, информатика итн., што на саемот ќе бидат достапни со попуст и до 50%.

Оваа година, Арс Ламина публикации исто така го прошири своето портфолио и во сегментот на детската литература, преку импринтот Либи. Покрај успешниот домашен детски роман „Што сонуваше Дедо Мраз“ на Билјана С. Црвенковска, издаден во декември 2014 година, со што како издавач го означивме влезот во светот на детската литература, на саемот Либи ќе се претстави со уште 50-тина нови детски наслови, меѓу кои и копродукциските изданија „Пчеличката Маја“, серијалите „Мачки детективи“ и „Замокот на стравот“, како и домашните изданија – серијалите „Дина и Додо“, „Матеј и Луна“ и низа забавно-едукативни изданија за различни возрасти. Во рамки на овој сегмент, на саемот ќе бидат организирани средби со авторката Билјана С. Црвенковска, како и разни забавно-едукативни работилници за деца.

Арс Ламина ќе понуди и 80 наслови и производи за основно и средно образование, како и за предучилишна возраст. Тука ги вбројуваме учебниците и едукативно-дидактичките материјали според програмата на Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ,низа ресурсни материјали, како и учебниците за странски јазици (англиски, германски, француски) како ексклузивни застапници на издавачите Cambridge University Press, Huber и Hachette.

По повод Саемот на книгата, редакцијата Арс Либрис, дел од Арс Ламина публикации, објавува иКонкурс за најдобар хумористичен расказ. Избраните раскази ќе бидат објавени на книжевниот блог Литература.мк и во печатена антологија кон крајот на годината.

Ги покануваме сите љубители на книгата, од сите возрасти, да нè посетат на нашиот штанд!

НОВИ НАСЛОВИ – избор
„Јас сум Малала“, приказната на најмладиот добитник на Нобелова награда за мир
Нов, урнебесно смешен и заводлив роман на Јонас Јонасон
Серија на изданија со пчеличката Маја за најмладите читатели
„Д-р Сон“, продолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“ од Стивен Кинг
Виртуелна љубовна приказна во една елитна PR-агенција
Едукативни и забавни изданија со омилените палавковци Дина и Додо
„Книга за телото“ на Камерон Дијаз – моќен и инспиративен прирачник за секоја жена
Трогателна и искрена приказна за еден бездомник и еден мачор
Најспособните детективи во Париз – со шепи, опаш и мачешка интуиција
ПРЕЗЕМИ КАТАЛОЗИ:Арс Либрис – белетристика
Либи – детска литература
Арс Ламина – стручна литература
Арс Ламина – дидактички материјали според програмата на Кембриџ

Повеќе: Литература.мк

НАСТАНИ
СРЕДА, 6 МАЈ
Децата од нашата улица, 20.00Промоција на романите „Белграѓанки“ и „PR – љубовна приказна

Промотор: Александар Прокопиев

Средба со авторите: Игор Маројевиќ и Александар Илиќ

ЧЕТВРТОК, 7 МАЈ
Штанд Арс Ламина, 18.00Средба со авторите:

Игор Маројевиќ, автор на „Белграѓанки
Александар Илиќ, автор на „PR

ПЕТОК, 8 МАЈ
Штанд Арс Ламина, 16.00САБОТА, 9 МАЈ
Штанд Арс Ламина, 13.00

Средба со авторката: Билјана С. Црвенковска,
автор на детскиот бестселер „Што сонуваше Дедо Мраз“, „Дина и Додо“ и серија други детски изданија

ПЕТОК-ПОНЕДЕЛНИК, 8-11 МАЈ
Штанд Арс ЛаминаДетски работилници:
– Забавна математика
– Цртање и изложба
САБОТА, 9 МАЈ
Метрополис АренаДен на екранизирана уметност: Книга преточена во филмПрезентација и награди
СЕКОЈ ДЕН, 18.30-20.00
Штанд Арс ЛаминаДиџеј сет со DJ Fluid
КОНКУРС
КОНКУРС
за најдобар хумористичен расказЦелта на конкурсот е да се отвори една нова и досега малку истражена сфера на книжевноста, долго и често маргинализирана, не само во домашни, туку и во светски рамки.

 

Повеќе за конкурсот тука.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.