Вечерва, во кафе барот, винотека и библиотека „Децата од нашата улица“, со почеток од 20.00 часот, ќе се одржи промоцијата на романите „Белграѓанки“ од Игор Маројевиќ и „PR“ од Александар Илиќ (во издание на Арс Либрис, дел од Арс Ламина публикации) и средба со авторите. Промотор на настанот ќе биде Александар Прокопиев.
Промоција на романите „Белграѓанки“ и „PR“
Средба со авторите Игор Маројевиќ и Александар Илиќ
Промотор: Александар Прокопиев
Време: среда, 6 мај, 20.00 часот
Место: „Децата од нашата улица“, ул. Аминта Трети бр. 29
Авторите ќе бидат гости и на штандот на Арс Либрис на Саемот на книгата, утре (7 мај 2015 година), во 18.00 часот. |