Промоција на романите „Белграѓанки“ и „PR“

Вечерва, во кафе барот, винотека и библиотека „Децата од нашата улица“, со почеток од 20.00 часот, ќе се одржи промоцијата на романите „Белграѓанки“ од Игор Маројевиќ и „PR“ од Александар Илиќ (во издание на Арс Либрис, дел од Арс Ламина публикации) и средба со авторите. Промотор на настанот ќе биде Александар Прокопиев.

Промоција на романите „Белграѓанки“ и „PR“
Средба со авторите Игор Маројевиќ и Александар Илиќ
Промотор: Александар Прокопиев

Време: среда, 6 мај, 20.00 часот
Место: „Децата од нашата улица“, ул. Аминта Трети бр. 29

Авторите ќе бидат гости и на штандот на Арс Либрис на Саемот на книгата, утре (7 мај 2015 година), во 18.00 часот.

Белграѓанки“ – Во приказните во коишто во целина се обединува женското прво лице, на читателите им се претставуваат поинакви девојки, жени, пријателки, мајки и љубовници. Сите тие заедно како белграѓанки, но и секоја за себе, ни откриваат чудни ликови од велеградското милје, какво што, на прв поглед можеби не забележуваме.
Игор Маројевиќ е роден во 1968 година во Врбас. Дипломирал Српски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Автор е на новелата Измама на Господ, романите Дваесет и четири ѕида, Жега, Шнит, Партер и Мајчина рака и збирките приказни Трагачи и Медитерани. Во 2012 година ја објавил книгата есеи Низ главата, за која ја добил наградата Десимир Тошиќ. За романот Жега ја добил наградата од фондот Борислав Пекиќ и наградата Стеван Пешиќ. Изведувани му се драмите Номади, напишана на шпански и Барем сум свој човек, додека Тврдината Европа е авторски превод на претставата Номади на српски. Од 2002 година има статус на слободен уметник. Член е и на Српскиот и на Каталонскиот PEN центар.
PR“ – На местото каде што даунлоудот станува пиратерија, љубовта измама, а вистината – PR, двајца луѓе се во потрага по излезот од љубовниот триаголник. Во таа потрага се разрешуваат нивните човечки и деловни судбини, а скриените, забранетите и потиснатите чувства од емоционалното подземје излегуваат на чистина.
Александар Илиќ е роден во 1981 година, млад, но веќе успешен прозен писател. Коавтор е на романот Српскиот психо (2007, Лагуна) – изданието на полски јазик Serbski psycho (2011, Краков). Работел во маркетинг-агенцијата Мекен Ериксон во Белград и пишувал за Плејбој, Сити магазин, Данас, Нови магазин, Траблмејкер… Во моментов работи во српската издавачка куќа Лагуна. „PR“ е неговиот прв самостоен роман.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s