Малала – девојчето кое што се бореше за образование и беше застрелано од Талибанците. Малала Јусафсај (17) е и најмладиот добитник на Нобелова награда за мир.
Доаѓам од земја што беше создадена на полноќ. Во моментот кога за малку ќе умрев, само што беше минало пладне.
Кога Талибанците ја зазедоа долината Сват, една девојка крена глас. Малала Јусафсај одби да биде замолчена и се бореше за нејзиното право на образование.
На 9 октомври, вторник, 2012 година, кога таа имаше 15 години, за малку ќе платеше со живот за тоа. Беше застрелана во главата, од непосредна близина, враќајќи се од училиште кон дома со автобус и малкумина очекуваа да преживее.
Но, нејзиното чудесно закрепнување ја одведе на едно прекрасно патување, од далечната долина во северен Пакистан до големите сали на Обединетите нации во Њујорк. На шеснаесетгодишна возраст, таа стана глобален симбол за мирен протест и најмладо номинирано лице за Нобеловата награда за мир.
Која е Малала? – праша напаѓачот.
Јас сум Малала и ова е мојата приказна
„Јас сум Малала“ е извонредна приказна за едно семејство, оттргнато од своето огниште од страна на глобалниот тероризам, за борбата за образование на девојките, за татко кој, и самиот сопственик на училиште, ја поддржувал и ја охрабрувал ќерка си да пишува и да оди на училиште и за смели родители, кои негуваат силна љубов кон својата ќерка во едно општество што повеќе ги
цени синовите.
Биографијата на Јусафсај, „Јас сум Малала“, ќе ве натера да верувате во моќта на гласот на една личност за поттикнување промена на светско ниво. Денес, Малала е активен поборник за квалитетно образование за сите деца и сите девојчиња во светот. 62 милиони девојчиња во светот немаат пристап до училиште и им е ускратено правото на учење. Малала, преку Фондот Малала, ги поттикнува девојките низ целиот свет на средно образование, за да им помогне да го остварат својот полн потенцијал.
Моја најголема надеж е дека ова ќе биде последен пат да мора да се бориме за образование на нашите деца. Ајде веќе да го решиме ова, еднаш за секогаш.
Книгата „Јас сум Малала“ е достапна на македонски јазик.
Инспиративниот говор на Малала на церемонија за доделување на Нобелова награда, декември 2014