Денови на правната литература

Службен весник на РМ и Арс Ламина во заедничка акција

 

ЈП Службен весник на РМ, во соработка со Арс Ламина публикации, а во пресрет на претстојниот Саем на книгата, организираат заедничка акција за промоција на правната литература под наслов „Денови на правната литература“.

Акцијата ќе се одржи од 20 до 24 април 2015 година во Инфоцентарот на ЈП Службен весник на РМ, бул. Партизански одреди број 23 (Порта Буњаковец).
Целта на акцијата е да се подигне свеста кај организациите, здруженијата, урбаните заедници и граѓаните, дека секој треба да ги знае своите права и обврски кои произлегуваат од законите и правните регулативи поврзани со нивната дејност.

По тој повод, во текот на акцијата, соодветните изданија од двете организации ќе бидат со попусти до 50%.

Во текот на Деновите на правната литература, двете организации ќе одржат и посебни средби со здруженија, комори, општини, факултети, библиотеки и граѓани. Во Инфоцентарот сите заинтересирани ќе можат да се информираат за изданијата од областа на правната литература како и за начинот на кој ќе можат да ги обезбедат со посебни поволности.

Попустите ќе продолжат и за време на Саемот на книгата, кој ќе се одржува од 5 до 11 мај 2015 година.56d219c9-5b74-47a2-bfd4-06d53c065497

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s