Големината на Гинтер Грас

Големината на Гинтер Грас

oд Салман Ружди

Во 1982 година, кога бев во Хамбург за објавување на германскиот превод на „Децата на полноќта“ моите издавачи ме прашаа дали би сакал да се запознам со Гинтер Грас. Па, очигледно сакав и така ме однесоа до селото Вевелсфлет, надвор од Хамбург, каде што тогаш живееше Грас. Тој имаше две куќи во селото; пишуваше и живееше во едната, а другата ја користеше како уметничко студио. После одреден период на првично повлекување – како помлад писател од мене се очекуваше да клекнам во знак на почит, што откако се случи, бев среќен што го сторив тоа – тој одеднаш одлучи дека сум достоен за да ме однесе до кабинетот во кој ја чуваше неговата колекција на антиквитети и ми рече да изберам еден. Потоа извади едно шише ракија и додека дојдовме до дното на шишето се спријателивме. Малку подоцна се тетеравевме до студиото, а јас бев маѓепсан од предметите кои ги видов таму, сите ги препознав од романите: бронзените јагули, теракота леарите и гравурите на момче кое удира на ламаринен барабан. Јас му завидував на неговата уметничка дарба речиси повеќе отколку што ѝ се восхитував на неговата книжевна генијалност. Колку прекрасно, на крајот од денот после пишување, да пешачиш по улица и да станеш еден поинаков вид на уметник! Тој, исто така, ги дизајнираше кориците на своите книги: кучиња, стаорци, жаби преселени од неговото перо врз неговите корици за книги.

Der Schriftsteller und Literatur-Nobelpreisträger Günter Grass spricht am 20

По оваа средба, секој германски новинар кој ќе го сретнав сакаше да ме праша што мислам за него и кога кажав дека верувам дека е еден од двајцата или тројцата најголеми живи писатели во светот, некои од овие новинари изгледаа разочарани и рекоа: „Па, ‘Ламаринениот барабан’, да, но зарем не беше тоа одамна?“ На што се обидов да одговорам, дека ако Грас никогаш не го напишеше тој роман, другите негови книги беа доволни за да ги заслужат пофалбите кои му ги дадов, а фактот што тој го напиша романот ‘Ламаринениот барабан’ исто така го вбројува меѓу бесмртните. Скептичните новинари изгледаа разочарани. Тие би претпочитале нешто позлобно, но јас немав ништо злобно за кажување.

 

Го сакав поради неговите дела, се разбира – поради неговата љубов кон приказните на Браќата Грим, кои ги преработи во модерна верзија, за црната комедија која тој ја воведе за преиспитување на историјата, за разиграноста на неговата сериозност, за незаборавната храброст со која тој го гледаше големото зло на неговото време в лице и го наслика неискажливото во една голема уметност. (Подоцна, кога луѓето го оцрнуваа -нацист, антисемит – си помислив, книгите нека зборуваат за него, најголемите анти-нацистички ремек-дела некогаш напишани, кои содржат пасуси за избраното слепило на Германците кон Холокаустот, кои ниту еден антисемит некогаш би можел да ги напише.)

 

На неговиот седумдесетти роденден, многу автори – Надин Гордимер, Џон Ирвинг, како и целата германска книжевност – се собраа да го издигнат до ѕвезди во театарот Талија во Хамбург, но она на што јас најдобро се сеќавам е тоа што кога пофалбите и величањето завршија, музиката започна, сцената на театарот стана подиум за танцување и Грас се покажа како мајстор на она што јас го нарекувам танцување со придружба. Тој можеше да игра валцер, полка, фокстрот, танго и гавот и се чинеше дека сите најубави девојки во Германија се обидуваа да играат со него. Додека тој потскокнуваше, се вртеше и се наведнуваше со восхит, сфатив дека тоа беше тој: големиот танчар на германската книжевност, кој танцувајќи низ ужасите на историјата кон убавината на литературата, го преживуваше злото поради неговата лична грациозност, како и поради неговата смисла за комичност како писател на шеговити дела.

 

На оние новинари кои побараа од мене да го оцрнам во 1982 година, им реков, „Можеби тој мора да умре пред да сфатите колку голем човек сте изгубиле.“ Тоа време сега пристигна. Се надевам ќе сфатат.

 

Оригиналниот текст тука.

 

Гинтер Грас почина на 13 април 2015.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s