На 15 април 2015 година во Менада во Скопје ќе се одржи трибина посветена на неодамна починатиот култен писател Тери Прачет.
Темата на трибината е СМРТТА ЗБОРУВА СО ГОЛЕМИ БУКВИ, а фокусот ќе биде на следниве поттеми: хуморот како еден од начините на разгледување на универзалните прашања: религиозни, општествени, политички, морални; хуморот како „розев“ поглед кон згрозувачко-сериозни вистини; хумористичен поглед на животот и смртта; предизвиците на преводот на книжевен хумор.
Модератор на трибината ќе биде Борче Николовски, а учесници Д-р Александар Таковски, Анета Мострова-Јованова, М-р Дејан Василевски, Жаклина Ангелеска-Костадиновски и Д-р Милан Дамјаноски.
По трибината следува:
– проекција на документарецот “Choosing to die”
– коктели на смртта 🙂