Тери Прaчет, плодниот англиски писател, познат по сатирата за фантастиката како жанр во неговата долгогодишна серија романи Дисксвет, почина минатата недела на 66-годишна возраст. Прaчет боледуваше од редок вид рана Алцхајмерова болест – којашто ја нарекуваше своја „пречка“ – од 2007 година. По дијагнозата, тој напиша: „Знам дека е нормално и човечки да се рече „Можно ли е нешто да сторам“, но во случајов ќе ги разгледам понудите од врвните стручњаци во областа на неврохемијата“.
Типично за Прaчет: топол и сув, дури и кога е соочен со болната реалност.“
Не дека реалноста некогаш била негова најсилна страна – барем не на хартија. Во 1983 година, го објавува првиот роман од серијата Дисксвет, насловен Бојата на магијата. Со него се подготвува теренот да се појават уште 40 несекојдневни книги од Дисксвет – еден рамен свет што се врти на грбот на четири џиновски слона коишто држат рамнотежа врз оклопот на уште помасивна желка што плива низ вселената. „Тоа е еден од најдобрите древни митови, кој постои секаде каде што заедно ќе се најдат луѓето и желките“ – подоцна ќе запише Прaчет објаснувајќи ја својата замисла. И додава: „Не постојат географски карти. Смислата за хумор не може да се најде на карта.“
Години подоцна, ќе излезат карти на градовите на Дисксвет, но тоа не е важно – целта на Прaчет е да се пошегува со сите конвенции во фантастиката, од градењето светови и волшебни системи, до епската потрага по разновидни ликови. Додека Толкин сакаше неговата Средна земја да биде детална и веродостојна како кое било друго вистинито место, на Прaчет не му беше грижа дали Дисксвет воопшто правеше некаква смисла. Тоа беше земја на невозможното и апсурдното – волшебници што не можат да направат магија, змејови на исчезнување, желки со големина на планети. Со текот на времето, серијата романи полека ги напушти своите првобитни премиси и стана дури и пооригинална, како што созреваа темите на Прaчет (на пример, погледнете го самостојниот роман од Дисксвет, Мали Богови).
Иако неговите книги добро се продаваа во САД, Прaчет секогаш беше попопуларен во неговата родна Велика Британија. Во воведот на A Slip of the Keyboard, книга есеи на Прaчет што излезе минатата година, еден негов колега Англичанец од прозната фантастика (и понекогаш соработник), Нил Гајман, напиша дека Прaчет бил лут „на неговите први американски издавачи коишто ги објавувале неговите книги без посебен успех“. Славата на Прaчет, се разбира, порасна со текот на времето, но сепак тој треба да допре до уште поголем број Американци – затоа што дури и по 30 години од излегувањето на Бојата на магијата, неговото дело е поуверливо од кога било. А се чини и дека, на еден или на друг начин, неговото дело се чувствува и се јавува и во голем број нови дела од фантастиката. На пример – магичното кралство во серијата Волшебници на Лев Гросман? Качено е на еден куп џиновски желки. Во истиот тој есеј, Гајман „е гневен поради неминовната смрт што му претстои на неговиот пријател поради болеста“: и вели „Но јас… разбирам дека кое било дело на Тери Прaчет е мало чудо, и дека ние веќе имаме добиено и повеќе од доволно, и никој од нас не мора да биде алчен.“
Загубата на Тери Прaчет е огромна.
Автор: JASON KEHE, WIRED
Оригиналниот текст тука.
Твитови за Прачет
Почивај во мир, Тери Прачет. Ги одведе нашите имагинации кон фантастични нови светови, ќе ни недостасуваш. . http://on.nypl.org/1GwsqFe
Почивај во мир, Тери Прачет. Многу тажно. Understood Fantasy е средство за истакнување на човечноста наместо бегство од неа.
Anthony Stewart Hea @AnthonySHead
Длабоко ужален од веста за смртта на Тери Прачет; извонредно надарен човек што гледаше на светот низ прекрасно нијансирана призма.
Телото што ја запре душата на Сем Сајмон? Рак. Умот што ја запре имагинацијата на Тери Прачет? Алцхајмер. Јасно ни е, свету. фак.
Ќе ни недостасуваш премногу, Тери. Ова е последното нешто што го напишав за тебе.
http://www.theguardian.com/books/2014/sep/24/terry-pratchett-angry-not-jolly-neil-gaiman …
Ми беше пријател триесет години и еден месец. Ми недостасува. Донирајте за истражувањата за Алцхајмеровата болест и помогнете за вакви нешта да не се случуваат.