Најдобрите „женски“ книги од нашите полици

Да, книга е многу подобар подарок од цвеќе – а многу подолго и трае 🙂

Во пресрет на денот на жената, направивме избор од најдобрите „женски“ книги од нашите „полици“, односно од literatura.mk. Книги за мајките, бабите, сестрите, девојките, жените, другаркитe… Книги во кои можете и самите да уживате :). Еве го нашиот избор:

zhenski-knigi

 

1. Белграѓанки на Игор Маројевиќ претставува сплет од приказни во кои на читателите им се претставуваат поинакви девојки, жени, пријателки, мајки и љубовници. Сите тие заедно како белграѓанки, но и секоја за себе, ни откриваат чудни ликови од велеградското милје, какво што, на прв поглед можеби не забележуваме.

Belgragjanki mock upРомантична теоретичарка на филмот, која со бракоразводната парница го спасува бракот, сопственичка на мала галерија којашто преку Твитер почнува љубовна врска со сликарот чиишто дела ги продава, девојка којашто од Белград емигрирала во Минхен, а оттаму на интернет, најдобрите другарки во коишто невините игри од Фејсбук будат неочекувани пориви, жена која ни по бројните разочарувања во мажите не ја губи вербата во љубовта… – сето тоа се белграѓанките на Маројевиќ, необичните жени во различни животни ситуации.

„Како извонреден познавач на женскиот карактер, Маројевиќ своите белграѓанки ги претставува преку повеќе минуциозно испишани женски портрети. И секоја од жените, чијашто приказна во оваа книга е раскажана речиси сликарски прецизно, е град за себе. Осум белграѓанки, на раскажувачот на оваа книга му ги раскажале своите животни стории, а тој го задржал нивниот глас, пренесувајќи им ги тие приказни на читателите во форма на исповеди кои во исто време и ќе ве насмеат, расплачат, ќе ве натераат да се замислите и на завршницата, во финалето на секоја од приказните, ќе ви подарат зрнце мудрост.“ – Дејан Стојиљковиќ

 

Azbukata2. „Aзбуката на мојот живот“ на Мирјана Бобиќ-Мојсиловиќ е роман за една жена оставена од мажот, која, набројувајќи ги поазбучен редослед нештата што ѝ значеле и значат, се обидува да се справи со паниката неколку часа пред нејзиниот маж да се врати за да си ги собере парталите. Романот е во форма на речник, во 30 поглавја, низ кои е сумиран целиот нејзин живот.

Ова е книга и за која било друга жена – тоа е приказна за љубовта, плановите, мечтаењето, разочарувањето, растурањето на семејството, осаменоста и обидот да се дофати трошка среќа…

 

 

 

3. „Невини“ на Бурхан Сонмез ја раскажува приказната за двајца млади, дојденци од различни земји, кои случајно се сретнуваат во една продавница во Кембриџ: Брани Таво, Курд, политички бегалец од Турција, и Ферузе, пребегната во Белика Британија од Иран за време на тамошната револуција. И двајцата имаат свои тајни и гревови.

Nevini mock upМалку по малку, меѓу нив се раѓа љубов која постепено се засилува, хранета од приказни, од заедничката приврзаност кон литературата и од заемното препознавање на тешкотиите на нивниот споделен егзил. Брани Таво раскажува скици од минатото на неговото семејство, живописни приказни кои се испреплетуваат со дамнешните легенди: овчари погодени од гром, војници кои се враќаат дома со траумите од војната, крвави непријателства што уништуваат семејства, мечки што напаѓаат селани трагајќи по украдените мечиња и фотограф кој на селаните им ги пренесува новостите преку портретите што ги фотографира.

Овие темни, наследени сеќавања, неговата тажна меланхолична природа и хроничната несоница од која страда имаат натежнато врз Брани Таво, па тој често потонува во самотијата на сопствените мисли лутајќи низ локалните гробишта. Со време, воден и од тивката харизма на Ферузе, посегнува по некое послободно место – во себеси. Ферузе, која исто така е прибежиште за сурови семејни тајни, соочена со итноста на една вонредна ситуација, еден ден ненадејно ќе се врати во Иран. И Брани Таво знае точно што мора да направи овој пат…

 

vtornichni zheni4. „Вторнични жени“ на Моника Пец е хит-роман напишан во лесен и комичен стил. Во романот се зборува за пет пријателки кои секој вторник во месецот се сретнуваат во нивниот омилен бар: : успешната, елоквентна адвокатка Каролине, пречувствителната и по малку драматична Јудит, Ева, посветената мајка на четири деца со расеани професионални амбиции, постојано заљубената и секогаш добро расположена Кики, која го чека пробивот во дизајнерската кариера и Естел, гламурозната сопруга на фармацевт, со својот преполн ормар облека и исклучително остар јазик.

Еднаш во годината, петте жени организираат заедничко патување, иако оваа година сѐ е поинаку – Јудит тукушто стана вдовица. Секоја година петте жени имаат некаква заедничка авантура. Преведен на повеќе од 15 јазици, овој роман во Германија е продаден во повеќе стотици илјади примероци.

 

 

5. Делириум“ и „Пандемониум“ на една од најдобрите писателки на дистописки тин романи Лорен Оливер, се одличен подарок за девојчињата во тинејџерските години, но и за младите девојки.

mock-up-web4Моќниот дистописки роман на Лорен Оливер – „Делириум“ (првиот дел од трилогијата „Делириум“) претставува свет страшен како Орвеловата „1984“ и една забранета романса споредлива со онаа на Ромео и Јулија. „Делириум“ е најпродавана книга според „Њујорк тајмс“ и еден од стоте најдобри тинејџерски романи на сите времиња според Народната библиотека во Чикаго.

Влезете во светот каде што љубовта е забранета и прогласена за опасна болест – делириум, а владата на САД ги присилува сите што ќе наполнат 18 години да бидат подложени на интервенцијата. Лена Халовеј живее во ваквото сигурно и диригирано општество, со нетрпение очекувајќи го денот кога ќе биде излекувана и безбедна од делириумот што го уништи животот на нејзината мајка.

mock-up-web7Но, 95 дена пред нејзиниот 18-ти роденден Лена го запознава Алекс, самоуверено и мистериозно момче кое доаѓа од Дивината и го претставува сето она од кое Лена досега стравувала… а од друга страна, секогаш кога ќе го сретне, нејзиното срце затреперува. Што ќе се случи ако таа се вљуби во него?

 

Во „Пандемониум“, вториот дел од оваа трилогија, Лорен Оливер ја става Лена пред сосема нови предизвици и во многу опасности. Новата Лена е Невалидна – таа е дел од Дивината и движењето на отпорот, но е и многу посилна, поодлучна и посигурна во себе… Овој брилијантен роман е полн со електрицитет, забранета љубов, силен отпор против „зомбијата“ од другата страна на оградата, а и најава за првите зачетоци на револуцијата…

 

6. „Проектот Роузи“ на Грем Симсион е современа бајка раскажана заводливо и шармантно, привлечно и со многу хумор.

RouziМожеби вистинската љубов навистина може да промени еден маж… Љубовта не е егзактна наука. Но пробајте да му го кажете тоа на Дон Тилман!

Кога овој триесет и девет годишен генетичар ќе се одлучи да ја пронајде својата совршена партнерка, неговиот предизвик се претвора во проектот Сопруга. Навидум доволен е само еден прашалник од шеснаесет страници за да се елиминираат сите погрешни кандидатки. Но Роузи е совршената „погрешна” кандидатка. Како ѝ  успева да внесе хаос во беспрекорно уредениот живот на Дон?

Обидете се, заедно со Дон, да проверите дали животот почнува да се случува само тогаш кога ние ќе му дозволиме.

 

 

beznadezno7. „Безнадежно“ на Колин Хувер е тин роман за лажните вистини и вистинските лаги во тајните ходници на животот на седумнаесетгодишната Скај, откако ќе го сретне Дин Холдер, момче со промискуитетна репутација. Приказна навидум безнадежна за средбата помеѓу двајца млади луѓе која ќе ве остави без здив и ќе ве врати во времето на Вашата прва љубов.

Понекогаш осознавањето на вистината може да ве остави да се чувствувате побезнадежно отколку да продолжите да им верувате на лагите…

 

8. „Времето на жените“ на Елена Чижова е приказна раскажана од типично женски аспект.

vreme-na-zenite-mock-up-za-ubavina-i-zdravje

Во „Мртви души“, Гогољ пишува дека постојат некои мали нешта што се чинат мали само кога ќе станат дел од книжевно дело; вон него – изгледаат небаре се најважни на светот. И буквално и симболично, „Времето на жените“ на Елена Чижова како да го тврди спротивното: постојат некои мали (намерно и немарно нарекувани) женски нешта – лупењето кромид, капењето постари жени, одбирањето материјал за нов фустан – што се поважни од големата (и машки извојувана) победа над фашизмот во Втората светска војна. Најпосле, – вистинската приказна за 872-дневната Опсада на Ленинград не ја знаат мртвите херои за кои се напишани пропагандистичките лекции во историите, туку нивните живи сопруги и сестри кои не само што ги гледале своите блиски како изгладнуваат до смрт, туку и го раздале сето свое злато за да откупат од профитерите доволно леб за своите деца — токму оние што на училиште нема никогаш да ја слушнат оваа верзија од историјата.

 

Привидно едноставна приказна за нетипичното израснување на едно навидум немо девојче – чија пожртвувана мајка работи двосменски за да обезбеди за потребите на сите – од страна на три баби што живеат во истиот стан, Времето на жените е приземен, емотивен и трогателен роман со нималку наивна претензија да ја подрие официјалната руска историја.

 

vistini za mene9. „Вистини за мене“ на Дебора Кеј Дејвис е возбудлив еротски роман. Едно обично претпладне во еден безимен град една безимена млада жена се наоѓа на своето работно место. Десет минути подоцна таа се наоѓа во подземниот паркинг каде што има секс со туѓинец.

Што ја тера ова да го направи? Како да го заборави? Ова се прашањата што младата жена си ги поставува додека размислува за своите еротски опсесии, некогаш овие анализи се толку болни но исклучително прецизни.

„Вистини за мене“ е роман кој го истражува теренот на сексуалните опсесии поставувајќи прашања кои ги тестираат границите на човечките желби.

 

 

vljubuvanja10. „Вљубувања“ на Хавиер Мариас е метафизичка приказна за мистериозно убиство. Главниот лик Марија Долс секој ден доаѓа на појадок во истата кафетерија, и секој ден ужива да набљудува една иста двојка која секојдневно ја повторува својата рутина. Еден ден двојката не доаѓа на појадок и таа е заинтригирана од нивното отсуство.

Мариас на фантастичен и оригинален начин успева една фикција која изобилува со крими-елементи да ја доведе на едно метафизичко ниво и литерарно да ја збогати со егзистенцијални прашања како прашањата за смртта, животот и љубовта.

 

 

Ziveev so Dzvezdoslav11. „Живеев со Ѕвездослав“ на Јана Јурањова е роман за немата женска историја, за талентираните жени во сенка, за стегите и стереотипите на општеството. Овој роман го деконструира митот за поетот-гениј, преместувајќи го фокусот на раскажување врз неговата сопруга во сенка.

Ставајќи го во преден план женскиот поглед на светот и на животот, романот всушност се свртува кон женските микронарации, маргинализираната женска историја и проговорува за она за што своевремено се молчело.

„Живеев со Ѕвездослав“ е роман за малите нешта, за градините и цвеќињата, за ручекот и колачите, за големиот бард кој не смее да се вознемирува кога пишува и за неговата тивка жена, а пред сè е роман за љубовта.

 

101 Zena12. „101 мисла за жената“ содржи 101 инспиративна мисла за жената и за убавината, од светски поети, новелисти, композитори, сликари, мислители… Со тврд повез, илустрирани внатрешни страни на корицата, место за лична посвета и забелешки, ова издание претставува е одличен подарок за жената, за кој било повод.

Жената е срцето на човештвото… неговата нежност, украс и утеха. 

Самуел Смајлс

 

Advertisements