Приказна за љубовта, гревовите и тајните

„Невини“ на Бурхан Сонмез ја раскажува приказната за двајца млади, дојденци од различни земји, кои случајно се сретнуваат во една продавница во Кембриџ: Брани Таво, Курд, политички бегалец од Турција, и Ферузе, пребегната во Белика Британија од Иран за време на тамошната револуција. И двајцата имаат свои тајни и гревови.

Nevini-01

Малку по малку, меѓу нив се раѓа љубов која постепено се засилува, хранета од приказни, од заедничката приврзаност кон литературата и од заемното препознавање на тешкотиите на нивниот споделен егзил. Брани Таво раскажува скици од минатото на неговото семејство, живописни приказни кои се испреплетуваат со дамнешните легенди: овчари погодени од гром, војници кои се враќаат дома со траумите од војната, крвави непријателства што уништуваат семејства, мечки што напаѓаат селани трагајќи по украдените мечиња и фотограф кој на селаните им ги пренесува новостите преку портретите што ги фотографира.

Овие темни, наследени сеќавања, неговата тажна меланхолична природа и хроничната несоница од која страда имаат натежнато врз Брани Таво, па тој често потонува во самотијата на сопствените мисли лутајќи низ локалните гробишта. Со време, воден и од тивката харизма на Ферузе, посегнува по некое послободно место – во себеси. Ферузе, која исто така е прибежиште за сурови семејни тајни, соочена со итноста на една вонредна ситуација, еден ден ненадејно ќе се врати во Иран. И Брани Таво знае точно што мора да направи овој пат…

 

„Невини“ ја раскажува приказната за двата живота кои се одвиваат низ рамнината Хајмана, Техеран и Кембриџ…

Моето минато беше зад некоја завеса. Морав да одам кај Ферузе. Морав да ја видам за да ги отворам завесите на иднината и на минатото.

 

 

„Невини“ (Masumlar) е вториот роман на Бурхан Сонмез. Романот е добитник на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Седат Симави“ на Здружението на новинари на Турција, највисоко книжевно признание во Турција.

***

Бурхан Сонмез е роден во 1965 година во Хајмана, Турција. Основно и средно образование завршил во Полатли. Откако завршил Правен факултет на истанбулскиот универзитет, извесен период работел како адвокат и како уредник. Пишувал текстови за култура, политика и за верски прашања во разни весници и списанија. Долги години живеел надвор од земјата (во Велика Британија). Во моментов живее во Истанбул и во Кембриџ. Неговиот прв роман „Север“ (Kuzey) е објавен во 2009 година.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s