Краткиот чудесен живот на Оскар Вао

„Краткиот чудесен живот на Оскар Вао“ на Џуно Диаз е роман – добитник на Пулицеровата награда за проза и е прогласен за најдобриот роман на 21. век досега, според анкета на BBC спроведена кај најреномираните американски книжевни критичари 

Оскар, гето-бубалица со исклучително големи познавања за маргинализираната стрип, „гејмерска“ и нф-супкултура, но без никаков талент за приоѓање на девојка, го живее животот растргнат меѓу желбата да стане доминиканскиот Толкин и самотната реалност во која единствени пријатели му се оние што сакаат преку него да стигнат до неговата сестра. Иако израснати во Њу Џерси без татко и од строга мајка која нема четврто срце, Оскар и Лола се наследници на една историја коренито и неповратно подриена од страна на лудиот диктатор Трухиљо. Па, сепак, соочени со неизбежната трагедија на сопствените животи, тие пркосно се обидуваат од нив да извлечат убавина и љубов.

Долго подготвуван и уште подолго очекуван, Краткиот чудесен живот на Оскар Вао е првиот роман на популарниот, оригинален и критички уважен Џуно Диаз. Искрен и топол, трогателен и комичен, Краткиот чудесен живот на Оскар Вао е книжевен триумф, една од најдобрите книги напишани во текот на последната деценија.

„Краткиот чудесен живот на Оскар Вао“ е прогласен за најдобриот роман на 21. век досега, според анкетата која BBC ја спроведе кај повеќе реномирани американски книжевни критичари.

Џуно Диаз е современ американски писател со доминиканско потекло, првиот книжевник од оваа островска земја со репутација на голем автор во САД. Истражувајќи ја двојноста на имигрантското искуство преку гласот на еден често присутен наратор со шпанглиски говор и селинџеровска присност, по само еден роман и две збирки раскази, Диаз веќе го има зацементирано својот статус на култен и обожаван автор – и меѓу читателите и меѓу критичарите.

 

Oskar Vao - 460x260

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s