„Краткиот чудесен живот на Оскар Вао“ прогласен за најдобриот роман на 21. век

mock-up-web2Романот на Џуно Диаз „Краткиот чудесен живот на Оскар Вао“ е прогласен за најдобриот роман на 21. век досега, според анкетата која BBC ја спроведе кај повеќе реномирани американски книжевни критичари.

Групата американски книжевни критичари (повеќе десетици, како што велат од BBC) биле анкетирани од страна на секцијата за култура во рамките нa BBC, при што биле земени предвид 156 романи напишани од 2000-та до денес, сите прогласени за врвни книжевни дела од експертите на Њујорк Тајмс, Тајм магазин, Њусдеј, Киркус ривјус и Буклист.

На врвот на повеќето листи на анкетираните критичари се најде првиот роман на Диаз – „Краткиот чудесен живот на Оскар Вао“, ингениозна приказна за младиот Оскар Вао, американско-доминиканска гето-бубалица со исклучително големи познавања за маргинализираната стрип, „гејмерска“ и нф-супкултура, но без никаков талент за приоѓање на девојка. „Краткиот чудесен живот на Оскар Вао“ е добитник на Пулицерова награда за проза.

 

Junot Diaz

Џуно Диаз е современ американски писател со доминиканско потекло, првиот книжевник од оваа островска земја со репутација на голем автор во САД. Истражувајќи ја двојноста на имигрантското искуство преку гласот на еден често присутен наратор со шпанглиски говор и селинџеровска присност, по само еден роман и две збирки раскази, Диаз веќе го има зацементирано својот статус на култен и обожаван автор – и меѓу читателите и меѓу критичарите.

 

Целиот текст можете да го прочитате овде.

 

 

Advertisements