„Ноќна шума“ на Џуна Барнс

„Ноќна шума“, најпознатото дело на енигматичната Џуна Барнс, e еден од најраните романи од реномиран автор во кои експлицитно се обработува хомосексуалната љубов. 

Делото минува низ цела одисеја од обиди и одбивања, редакции и цензури, сè додека Т. С. Елиот не ја препознае неговата несомнена вредност и не го препорача за објавување во годината на нацистичката Олимпијада.

Своето место во книжевниот пантеон го има обезбедено пред сè поради неговиот речиси непреводлив и уникатен стил, кој од првата страница го открива присуството на голем и неодминлив автор. Тешкиот, лирски евокативен, јакобински раскошен и декадентно готски јазик на Џуна Барнс искричаво се распрснува низ секоја од страниците на нејзиниот tour de force роман, нурнувајќи го читателот во превртениот свет на европските Бурни дваесетти и обликувајќи еден од најнезаборавните ликови во историјата на целокупната светска книжевност: доктор Метју О’Конор.

nightwood

 

„Едно од врвните дела на дваесеттиот век“ (Вилијам Бероуз, 14 јануари 1985)

„Едно од трите големи прозни дела во историјата напишани од жена“ (Дилан Томас, март 1937)

„По беспрекорност и формална убавина нема многу романи од која било епоха што може да се споредат со него“ (Марк ван Дорен, 3 април 1937)

„Толку добар роман што само оние чиј сензибилитет е рафиниран преку поезија би можеле вистински да го ценат“ (Т. С. Елиот, 1937)

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s