Бестселерите „Делириум“ и „Пандемониум“ се прогласени за едни од најдобрите тинејџерски романи на сите времиња и се споредуваат со „Игри на гладта“ (Hunger Games).
Моќниот дистописки роман на Лорен Оливер – „Делириум“ (првиот дел од трилогијата „Делириум“) претставува свет страшен како Орвеловата „1984“ и една забранета романса споредлива со онаа на Ромео и Јулија. „Делириум“ е најпродавана книга според „Њујорк тајмс“ и еден од стоте најдобри тинејџерски романи на сите времиња според Народната библиотека во Чикаго.
Влезете во светот каде што љубовта е забранета и прогласена за опасна болест – делириум, а владата на САД ги присилува сите што ќе наполнат 18 години да бидат подложени на интервенцијата. Лена Халовеј живее во ваквото сигурно и диригирано општество, со нетрпение очекувајќи го денот кога ќе биде излекувана и безбедна од делириумот што го уништи животот на нејзината мајка.
Но, 95 дена пред нејзиниот 18-ти роденден Лена го запознава Алекс, самоуверено и мистериозно момче кое доаѓа од Дивината и го претставува сето она од кое Лена досега стравувала… а од друга страна, секогаш кога ќе го сретне, нејзиното срце затреперува. Што ќе се случи ако таа се вљуби во него?
Во „Пандемониум“, вториот дел од оваа трилогија, Лорен Оливер ја става Лена пред сосема нови предизвици и во многу опасности. Новата Лена е Невалидна – таа е дел од Дивината и движењето на отпорот, но е и многу посилна, поодлучна и посигурна во себе… Овој брилијантен роман е полн со електрицитет, забранета љубов, силен отпор против „зомбијата“ од другата страна на оградата, а и најава за првите зачетоци на револуцијата…